Црна хроника
Родители и деца нападнати на бул. „Србија“
Група непознати лица со дрвени предмети и шипки нападнале двајца скопјани кои биле со две деца, од кои едниот малолетник, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Нападот се случил во вторник, на 07-ми октомври, во 23,30 часот во Скопје, на бул.„Србија“. На спортското игралиште во близина, Ч.Л.(44) и И.Л.(30), играле фудбал заедно со децата на Ч.Л., С.Л.(19) и петгодишно лице. Кога тргнале кон нивните автомобили да си одат, по пат биле нападнати од страна на група непознати лица, кои во рацете носеле дрвени предмети и шипки.
По извршен преглед на лицата констатирани им се телесни повреди.
Полицијата работина целосно расчистување на случајот.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Истрага против две лица за изнуда и палење автомобил во Штип
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела – Изнуда од член 258 став 1 и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените, во последните неколку дена од старата година, испратиле повеќе заканувачки пораки кон трето лице, изнудувајќи му парични средства.
Соочен со сериозни закани кон сопствениот и животите на членовите на своето семејство, оштетениот ги пријавил осомничените, по што на 4 јануари била организирана средба за да им предаде 30.000 денари. Полициски службеници ги затекнале при обидот да ги преземат паричните средства и ги уапсиле.
Во текот на претходната постапка, Основното јавно обвинителство Штип обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека истите лица на 16 декември, пред зграда на улицата „Сремски фронт“ во Штип намерно запалиле паркиран автомобил „сеат леон” сопственост на една оштетена. На тој начин со умисла предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, поради опасноста од бегство, можноста да влијаат врз сведоците или да ги повторат делата. Судот го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.
Црна хроника
Ограбена менувачница во Битола
Вчера во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 4 јануари до 08.00 часот на осми јануари, со употреба на сила и подесен алат било влезено во менувачница на улицата „Рузвелтова“ во Битола, сопственост на И.И.(67) од Битола, и биле одземени пари во различни валути и апоени.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен „пасат“ во Катланово, нема повредени лица
Денеска во 00.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Катланово, скопско, настанал пожар во патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Н.(48).
Од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.