Регион
Дрецун: Во извештајот за „жолта куќа“ има сведочења на Албанци кои учествувале во трговијата со органи

Претседателот на Одборот за Косово и Метохија во српскиот парламент, Милован Дрецун предупреди дека времето истекува и дека Специјалното обвинителство за злосторства на ОВК, за неколку месеци ќе донесе одлука дали ќе подигне или ќе се откаже од обвинение за „жолтата куќа“. Тој вели дека постои извештај во кој се наоѓаат интервјуа со осуммина Албанци, борци на ОВК, кои сведочеле за нивното учество во трговијата со органи.
Дрецун рекол дека работната група која ја формирал Одборот за Косово и Метохија и која собира факти и докази за злосторствата на ОВК, има единствена комплетирана база со податоци за сите злосторства.
„Ние пред еден месец им го поделивме на новинарите досието за „жолтата куќа“, кога имавме состанок со претставниците на одделни амбасади. Во него беше и она за што се говори последните денови во медиумите – извештајот на форензичарскиот тим кој работи на увид во жолтата куќа“ рекол Дрецун во дневникот на РТС.
Како што истакна тој, во заклучокот на извештајот се наведува дека крвта најдена во кујната реагирала на луминол.
„Луминол се користи по завршување на сите испитувања. Оваа супстванца била користена за да се воочи крв која човечкото око не може да ја види на одделни места. Што значи најдена е крв во жолтата куќа“ истакна Дрецун, додавајќи дека тој извештај иницирал понатамошна истрага.
Тој нагласи дека има и извештак кој е означен како доверлив материјал, чија информација која не е за јавност. Според него, формирањето на војска на Косово во овој момент опасно е распоредувањето на трупи кон северот на покраината.
„Тие имаат 2.500 борбено оспособени луѓе кои имаат автоматско оружје, имаат возила, техника, два хеликоптери. Тие се сериозен предизвикувач на можно загрозување за српскиот народ кој е голорак“ предупреди Дрецун.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трагедија во Црна Гора: девојка од Србија се удави во близина на Тиват

Попладнево во морето кај Луштица, Црна Гора, нуркачи и членови на Пловечката единица безуспешно се обидуваа да го пронајдат и извлечат телото на девојка од Србија, пренесоа српските медиуми.
Девојка од Врњачка Бања се удави денес околу 15 часот, во близина на ’ртот Весло кај Луштица, додека се фотографирала со пријателка на една од карпите и паднала во водата, објавија црногорски „Вијести“.
Додека се фотографирала, се верува дека морето се разбранувало, а брановите ја повлекле девојката.
Полицијата и нуркачките екипи го забележале безживотното тело на девојката како плови во еден момент, но лошото време и брановите ги спречиле да се приближат.
Затоа, операцијата за извлекување ќе продолжи наутро.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Албанија постави бот со вештачка интелигенција за министер

Новата министерка на Албанија задолжена за јавни тендери нема да биде поткупувана, нема да можат да и се закануваат или да биде наговарана. Тоа е затоа што Диела, како што ја нарекуваат, е бот генериран од вештачка интелигенција.
Премиерот Еди Рама, кој го започнува својот четврти мандат, во четврток изјави дека Диела, што на албански значи Сонце, ќе ги управува и ќе ги доделува сите јавни тендери на кои владата ангажира приватни компании за разни проекти.
„Диела е првиот член на кабинетот кој не е физички присутен, туку е виртуелно создаден од вештачка интелигенција“, рече Рама, претставувајќи го својот нов кабинет.
Таа ќе ја претвори Албанија во „земја каде што јавните тендери се 100 проценти ослободени од корупција“.
Јавните тендери долго време се извор на корупција во земјата, за која експертите велат дека е седиште на банди кои сакаат да перат пари од шверц со дрога и оружје низ целиот свет, и каде што корупцијата се вовлекла во коридорите на моќта. Таквата слика го отежна пристапувањето на Албанија кон ЕУ, што Рама сака да го постигне до 2030 година. Политичките аналитичари го сметаат ова за амбициозно.
Владата не објасни дали Диела ќе биде следена од луѓе или како ќе се елиминира ризикот од можна манипулација. Диела беше претставена претходно оваа година како виртуелен асистент со вештачка интелигенција на платформата e-Albania за добивање државни документи.
Многумина не ѝ веруваат. „Дури и Диела ќе биде корумпирана во Албанија“, коментираше еден корисник на Фејсбук. „Кражбите ќе продолжат, а Диела ќе биде виновна“, додаде друг. Новиот парламент, избран во мај, треба да започне со работа во петок.
Регион
(Видео) Соња (57) и Марко (69) станаа родители, коментарите за нивната возраст не ги загрижуваат оти си го живеат сонот

Екипа на „Проверено“ во Црна Гора ги посети Соња (57) и Марко Миротиќ (69) и нивното пет и полмесечно девојче со симболично име Богдана.
Родителите достигнаа значителна возраст, што предизвика многубројни реакции во целиот регион, но не се грижат за тоа. Соња и Марко стојат зад осум спонтани абортуси, две процедури за инсеминација, години борба со неплодност, неуспеси, разочарувања.
„Ние сме исполнети како родители, нашите срца се полни. Ова е чудно чувство, задоволство. Сега би плачела, но нема да плачам. Цел живот сонував за ова“, открила гордата мајка за „Проверено“. Кога влегла во менопауза на 50 години, мислела дека тоа е крајот на нејзините соништа.
Сепак, тие успеале да си го остварат својот сон благодарение на 24-годишен донор на јајце-клетки на приватна клиника во Македонија. За донорот во видеото велат го знаат само основниот податок, дека не е од Црна Гора.
Со оглед на тоа што Соња закрепнува, Марко го презел поголемиот дел од грижата за малото девојче. Често му велат дека „Богдана изгледа исто како дедо му“. „Потоа им велам – јас не сум нејзин дедо, јас сум нејзин татко. Па се засрамуваат“, се шегува Марко.
Тие имаат уште две замрзнати јајце-клетки, но не планираат да имаат друго дете, иако би сакале.
„Доволно сме возрасни, би било убаво, но не сум сигурна дека би можела да издржам“, искрено рекла Соња.