Македонија
Нинџа: Во ВМРО беа и од кабинетот на Иванов, требаше да биде прогласена воена состојба
„Заменик-началникот Никола Бошковски го побара директорот на УБК, Владимир Атанасовски, велејќи му дека во Собранието е хаос по што Атанасовски цинично му одговорил „комуњарите сакаат да бираат претседател, така им е“ и го известил дека во тој момент во штабот на 8. кат е шефот на кабинетот на претседателот Иванов, Борис Јосифовски, и дека во секој момент може да биде прогласена воена состојба“, рече обвинетиот Александар Василевски-Нинџа на денешното рочиште за крвавиот четврток.
„Седнавме во Паркот на жената борец, каде што го сретнав и поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски. Ми кажа дека внатре има луѓе од УБК и дека има информации од военото разузнавање дека во секој момент може да се прогласи воена состојба. Додека седев со него, некој му јави од внатре и ми рече: „Ова не е на арно“ мислејќи на тоа дека полицијата почнала веќе да дејствува, односно дека некој друг ја зел командата. Подоцна Грујевски доби информација дека нема да има воена состојба поради притисок од странски фактор.
Околу 23 часот Бошковски ми се јави да излезам кај Градската болница, каде што ќе ме собере некое лице. Се качив во возилото и отидовме во една прикриена база на Петтата управа во близина на државна болница, не можам да кажам која е. Внатре беа Никола Бошковски и тогашниот началник Сашо Марковски. Во неврзан разговор разбрав дека се одземени харддисковите од мониторинг-собата во Собранието од безбедносните камери“, рече Нинџа и додаде:
„Бошковски му се јави на Атанасовски што да прави со харддисковите по што добил одговор да се уништат. Сашо Марковски ги извади харддисковите, ги стави на преса и почна да ги уништува. Кога беа искршени, зема ножици за лим и почна да ги сече цедињата на парчиња“.
Василевски вели дека базата ја напуштиле околу 12 часот. „Со Бошковски се упативме кон Автокоманда да ме однесе дома, во меѓувреме застанавме во Керамидница кај мостот на Вардар. Бошковски се качи на мостот и остатоците од харддисковите ги истури во Вардар. Бошковски ми кажа дека Марковски со хируршки ракавици ги извадил харддисковите од Собранието, дека никој нема да биде обвинет и дека така работи „петка“, рече обвинетиот Александар Василевски-Нинџа на рочиштето за крвавиот четврток.
Тој вели дека поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски, го советувал да не се предава, но по разговор со адвокатите, одлучил сепак да ѝ се предаде на полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

