Свет
Бурунди нареди затворање на канцеларијата на ОН во земјата

Владата на Бурунди му нареди на Советот за човекови права при Обединетите нации да го затвори своето претставништво во земјата во рок од два месеца, изјавија Министерството за надворешни работи и извори на ОН.
„Владата на Бурунди станува сè порадикална и пркосна кон меѓународната заедница“, велат анонимни извори од ОН.
Бурунди го бојкотира самитот на источните африкански заедници во ноември кој требаше да го има главниот фокус на моментнта политичка криза во земјата.
Во 2017 година Бурунди излезе од Меѓународниот кривичен суд кога судот отвори истрага за наводните злодела во земјата.
Бранот насилство во земјата почна во 2015 година кога претседателот Пјер Нкурунзиза изјави дека ќе се кандидира за трет мандат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шведски весник: САД се повлекуваат од воените вежби во Европа

Соединетите Американски Држави ги информирале сојузниците дека не планираат да учествуваат во идните воени вежби во Европа, освен оние што се веќе закажани за 2025 година, објави шведскиот медиум „Експресен“.
Според нивните извори, оваа одлука ќе влијае на неколку планирани вежби во Шведска, кои сè уште се во фаза на подготовка.
Доналд Трамп, откога ја презеде функцијата во јануари, јасно стави до знаење дека сака да ги префрли американските безбедносни приоритети на Кина и на Индо-пацифичкиот Регион.
Последните потези на Трамп предизвикаа загриженост кај европските сојузници, вклучително и намалувањето на воената помош и разузнавањето за Украина и исклучувањето на европските земји од мировните преговори со Русија во Саудиска Арабија.
Европските земји, свесни за промените во глобалната безбедносна политика, почнаа да се приспособуваат на новите околности. Членките на ЕУ се договорија за распределби, кои би можеле да достигнат 800 милијарди евра за трошоците за одбрана.
Соединетите Американски Држави веќе со години спроведуваат воени вежби со европските партнери за да ја подобрат соработката и да ја тестираат подготвеноста на силите, но оваа промена сигнализира нова насока за американската надворешна и одбранбена политика, пишува „Експресен“.
Регион
Вучиќ: Во моменти кога безбедносната ситуација на Балканот е сериозно разнишана, Србија се стреми да ги зачува мирот и стабилноста

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, на покана на премиерот на Србија, Милош Вучиќ, присуствуваше на седницата на владата на Република Србија.
По седницата на Владата, тој се огласи на својот официјален инстаграм-профил.
„На состанокот на владата разменивме информации за актуелната безбедносна состојба во земјата и регионот, особено се фокусиравме на безбедносните предизвици на Косово, како и во Босна и Херцеговина.
Разговаравме и за севкупните аспекти на најавениот протест на 15 март. Во моменти кога безбедносната ситуација на Балканот е сериозно разнишана, Србија се стреми да ги зачува мирот и стабилноста, како и безбедноста на сите граѓани.
Ги разгледавме и состојбата на економијата во пресрет на тековните протести, како и штетите предизвикани од овие настани, кои се рефлектираат во намалувањето на инвестициите и други предизвици за економијата. Се согласивме дека е од суштинско значење да се преземат итни мерки за ублажување на последиците и поддршка на економските сектори погодени од овие околности.
Ја истакнав потребата од соработка на сите институции и релевантни актери за да се обезбеди стабилност и да се обезбеди поддршка на граѓаните и бизнисите“, беше наведено на официјалниот инстаграм-профил на претседателот на Србија.
Свет
Повеќе од половина од Британците, Французите и Германците го сметаат Трамп за диктатор, според последните анкети

Според истражувањето спроведено од Destin commun, 59 отсто од Французите го опишуваат американскиот претседател Доналд Трамп како диктатор, објави францускиот медиум Ouest-France. Речиси осум од десет Французи изјавија дека се загрижени поради можното проширување на конфликтот меѓу Русија и Украина во остатокот од Европа во наредните години.
Повеќе од половина од Французите (59 %), Германците (59 %) и Британците (56 %) го нарекуваат Доналд Трамп диктатор, како и 47 % од испитаниците во Полска, а американскиот претседател се обидува да наметне мировен договор меѓу Киев и Москва, според анкетата објавена во саботата од страна на тинк-тенкот Destin commun во четири европски весници, вклучително и Ouest-France, Die Weltnit, Полска.
Вашингтон оваа недела ги замрзна воената помош и споделувањето разузнавачки информации со Киев, а европските земји се мобилизираат како одговор да го неутрализираат падот на американската помош и да воспостават веродостојна континентална одбрана.
Речиси 35 отсто од француските испитаници покажаа повеќе симпатии кон украинскиот претседател Володимир Зеленски по неговиот бурен состанок со Доналд Трамп во Вашингтон кон крајот на февруари. Само 9 % велат дека имаат помалку симпатија.
Освен тоа, само четвртина од Французите сè уште ги сметаат САД за сојузник, а повеќе од половина (57 %) имаат тешкотии да ја квалификуваат таа врска, не сакаат да признаат можна промена во сојузите.
Во врска со можноста за војна во Европа во наредните години, шест од десет Французи (60 %) сметаат дека е веројатно Русија да нападне други европски земји во наредните години во споредба со 68 % во Велика Британија и Полска и 53 % во Германија.
Како што пишува Ouest-France, речиси осум од десет Французи (76 %) велат дека се загрижени или многу загрижени за можното проширување на конфликтот во Европа во наредните години. Покрај тоа, 66 % од Полјаците и Британците сакаат да продолжат да ја поддржуваат Украина, дури и без американска поддршка. Во Франција оваа бројка е 57 %, а во Германија 54 %.
Можноста за испраќање мировна мисија по склучувањето на договорот не е едногласна. Тоа добива 57 % поволни мислења во Велика Британија, 44 % во Франција, 41 % во Германија и само 27 % во Полска.
Шест од десет Французи (61 %) го поддржуваат повторното воведување на воената обврска, со многу висок процент на десницата и крајната десница, според истата анкета. Задолжителната воена служба беше укината во Франција на крајот на 90-тите.
Хипотезата за повторно воведување, која владата не ја спомна, има повеќе поддржувачи како што се зголемува возраста: 72 % од испитаниците над 65 години ја поддржуваат наспроти 43 % од оние на возраст од 18 до 24 години.
Онлајн-анкетата е спроведена во Франција, Полска, Германија и во Обединетото Кралство врз основа на повеќе од илјада испитаници во секоја земја користејќи примерок од квоти (пол, возраст, професија, ниво на образование и регион), пишува Ouest-France.