Македонија
Општина Карпош ја затвора дивата депонија кај мостот „Газела“ и таму ќе гради парк

Општина Карпош информира дека е затворена дивата депонија по должината на кејот на реката Вардар, кај мостот „Газела“.
Општинските власти објаснуваат дека станува збор за дива депонија која со години била место на кое се собирале голем отпад и шут, а честопати се палеле и огнови на отворено, кои дополнително придонесувале за загадување на амбиенталниот воздух.
При денешната теренска посета градоначалникот Стефан Богоев посочи дека најстрого ќе биде санкционирано фрлањето и палењето на отпад и Општината заедно со Државниот инспекторат за животна средина и полициските службеници, ќе продолжи со засилени контроли.
„Во претстојниот период ќе ги затвориме и дивите депонии кај хотелот ‘Александар палас’ и спортскиот центар ‘Борис Трајковски’. Уште еднаш апелирам да не се фрлаат отпади и да не се палат огнови на отворено, во спротивно, сите несовесни граѓани ќе бидат санкционирани“, посочи Богоев.
Што се однесува до просторот кај мостот „Газела“, градоначалникот посочи дека напролет ќе биде облагороден со ново зеленило, садници и урбана опрема.
Овој простор ќе биде дел и од новиот парк, кој ќе почне да се изведува во 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.