Македонија
(Видео) Макрадули поставува печки во подрачни училишта, тоа бил планот за чист воздух
Граѓаните од трите најзагадени општини – Ново Лисиче, Ѓорче Петров и Гази Баба – нема да имаат никаков податок за чистотата на воздухот сè додека Владата не обезбеди пари за поправка на дотраените делови. Заменик-министерот Јани Макрадули при пуштање во употреба печка на пелети во училиштето во Долно Лисиче изјави дека станиците ќе бидат поправени во 2019 година, но не прецизира точно кога.
„Се работи за стар дотраен инструмент, еве, конкретно, во Лисиче, кој не ги мери ПМ 10-честичките. Не бегаме, ниту се криеме од граѓаните, потребно е време за санација и ветувам дека во 2019 ќе функционираат сите станици“. Ние правиме напори со министерот на Република Србија и други партнери да се најде привремено решение“, рече Макрадули.
Дотогаш за загаденоста ќе се воделе во согласност со европските параметри за загаденост и временската прогноза, кои ќе биле репер за воведување итни мерки, информира тој.
За заемник-министерот Макрадули, поставувањето печка во мало подрачно училиште не е парцијално решение, туку тоа било дел од стратегијата за справување со загадувачите.
„Ова не е ад хок решние. Знаете, клучен извор за затоплување во јавните институции е нафтата и ние, еве, го правиме тоа, ќе ги замениме со екогориво“, рече тој.
Заменик-министерот избегна конкретно да одговори зошто сè уште нема санкции против големите загадувачи иако во предизборната кампања од владејачката партија твредеа дека знаат кои се загадувачите и дека ќе бидат казнети. За една и пол година, досега имаше смао една казна за депонијата „Дрисла“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари ама со променет статус во „економски работници“
„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските медиуми потврда за тоа. По моделот на Вучиќ со литиумот во Србија ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со иста техника сакаат да го спроведат проектот мигранти за пари во Македонија“, велат од СДСМ.
„Пакетот содржи и договор за кредит. Во државата нема пари, нема за пензии, плати, социјална помош, породилно, нема за поврат на ДДВ…моментално дупката е 1 милијадра евра.
Мигранти за пари во Македонија ама во јуни, после избори, тоа е планот на ВМРО-ДПМНЕ. А што друго содржи тој план, најави Милошовски вчера во интревју на една наша национална Телевизија. Странските работници кои доаѓаат преку дозволи и агенции немаат никаква врска со азиланти и мигранти, вели Милошоски.
Значи ВМРО-ДПМНЕ статусот од мигранти ќе го преименуваат во „економски работници“. Очигледно затоа им ветуваат работа и сместување, односно постојан престој.
Исто така и Мицкоски пред некој ден рече „нелегални“ мигранти, па да, затоа што овие ќе бидат „легални“.
На овој начин ќе ги претстават мигрантите за кои веќе се договориле. ВМРО-ДПМНЕ веќе бара редефиниција за мигрантите, само да не се нарекуваат мигранти.
Затоа не ја потпишуваат Резолуцијата. Одбраната на Македонија започна! Нема да ви дозволиме! Борбата продолжува!“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.

