Македонија
Демократска фракција: ВМРО-ДПМНЕ да расчисти со грујовизмот
ВМРО ДПМНЕ беше и мора да остане народна партија, а не дувло на криминалци, одродници и злосторници, вели ВМРО-ДПМНЕ Демократската фракција, по повод сведочењата од судскиот процес за 27 април.
Од Фракцијата преку соопштение велат дека по предавство и куквичкото бегство на Никола Груевски, станува повеќе од јасно дека членството на партијата треба целосно да расчисти со грујовизмот и со грујовистите во своите редови.
„Секое понатамошно молчење и калкулирање само ќе ја докусурат и згаснат партијата. Тогаш нема да ни биде крив СДСМ, туку ние самите, поточно оние кои сега управуваат со партијата“, велат од Демократската фракција-ВМРО-ДПМНЕ и апелираат до претседателот Христијан Мицкоски да расчисти со криминалните структури во партијата.
Понатаму се додава дека на судското рочиште на кое сведочеше Александар Василевски Нинџа, за настаните од 27-ми април, се случило каменот да дојде одблизу и да ја прикаже вистинската слика на алчните квази вмровци, за кои фракцијата верува дека најбитни им биле удобните фотељи и полните џебови.
„Последиците од со години криминалниот начин на водење на партијата, узурпацијата на партијата од страна на фамилијата и нивните измеќари со цел енормно крадење и лично богатење, претварање на УБК во привата сопственост и сé друго, со сведочењето на слугата Нинџа, испливаа на површина во своето вистинско и најнегативно светло. Се случи ,,со свој камен по своја глава“, се вели во соопштението на Демократската фракција.
Фракцијата додава дека жали што во блиска иднина сите ќе ги трпат последиците, но истовремено се среќни што испливало на површина грозоморното сценарио и злосторството кои го планирале и правеле квази патриотите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерство за здравство: Активиран модул за изразување интерес за соработка на лекари од странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.
Македонија
Мицкоски на проштална средба со Агелер: благодарност за ангажманот и поддршката
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Денеска се одржа проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Анџела Агелер.
На средбата беше изразена благодарност за нејзиниот ангажман, поддршката и придонесот во унапредувањето на односите меѓу двете држави“, објави на социјалните мрежи Мицкоски.
Информира дека во пријатна и конструктивна атмосфера биле разменети мислења за досегашната соработка, како и за значењето на партнерството и заедничките вредности.
„Упатени беа искрени желби за успех во нејзините понатамошни професионални ангажмани“.

