Регион
Словачкиот министер за надворешни работи ја повлече оставката

Словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, ја повлече својата оставка по спорот за словачкото одбивање на договорот за миграција на ОН, соопшти неговиот кабинет.
Лајчак, кој претходно се согласи со парламентарното одбивање на тој меѓународен договор, кој треба да биде потпишан во Маракеш, рекол дека Словачка нема да го менува својот курс во ЕУ и НАТО.
„Добив јасни гаранции дека Словачка нема да прави чекори што би фрлиле сомнеж на нашата надворешна политика“, рекол Лајчак и додал дека не сака да ја ослаби словачката надворешна политика со својата оставка.
Лајчак беше претседател на Општото собрание на ОН кога беше усвоен договорот, среде најголемиот прилив на бегалци во Европа од Втората светска војна, каде што многумина бегаат пред судирите и сиромаштијата што ги зафатија Блискиот Исток, Африка и пошироко.
Договорот, кој официјално ќе биде усвоен овој месец, е одобрен од страна на 193 членки на ОН, освен САД, кои го напуштија договорот минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Вучиќ: Насилството е израз на целосна немоќ, ќе го зачуваме мирот и ќе ги казниме насилниците

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалната мрежа Инстаграм објави видео по насилните протести во неколку градови во Србија.
„Вечерва малку порано го напуштив Министерството за внатрешни работи, дојдов да ги посетам моите пријатели, министри и борци, луѓето што ја штитат Србија од оние што ја уништуваат секоја вечер. Само сакам да им кажам на луѓето дека ќе ги подигнеме и обновиме просториите на нашите обвинителства, судови и партиски простории. Ќе успееме да го направиме сето ова заедно со народот. Од сите лоши работи што ова ги носи во нашата земја, има едно добро: сите маски паднаа. Луѓето гледаат сè, а нивната нервоза се зголемува, хистеријата се зголемува, немаат што повеќе да понудат. Доаѓа времето на одговорност. Сите оние што палеа, ќе бидат казнети за своите злосторства. Ви благодарам за вашата љубов и поддршка“, порача Вучиќ.
View this post on Instagram
Регион
Запален штаб, солзавец, шок бомби – масовни протести во Србија

Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Книќ и Нови Сад.
Пред седиштето на Српската напредна партија (СНС) во Ваљево демонстранти со качулки и покриени лица фрлаа пиротехнички средства, по што избувна пожар во дел од просториите. Огнот беше изгаснат со интервенција на противпожарните екипи и демонстранти. Искршен е влезот на Општина Ваљево, а полицијата употреби солзавец.
Во Милановац неколку стотици граѓани фрлаа тоалетна хартија кон просториите на СНС, додека во Нови Сад беа искршени прозорци со шишиња и други предмети. Во Нов Белград полицијата употреби солзавец и шок бомби, а демонстрантите се обидоа да стигнат до седиштето на СНС.
Протестите следат по повеќемесечните студентски блокади, а сега целта е промена на власта. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да има предвремени избори и ги нарече протестите управувани однадвор.
Регион
Црна Гора се бори со пожари

Седми ден по ред пожарите во Црна Гора не стивнуваат, а најкритично е во Подгорица, каде што и покрај тоа што ситуацијата е под контрола.
Началникот на Дирекцијата за цивилна заштита и намалување на ризици од катастрофи, Љубан Тмушиќ, соопшти дека најзагрозени области се Пипери и Кучки Корита. – Во овие подрачја се ангажирани сите расположливи ресурси – 12 возила и 42 пожарникари, рече Тмушиќ.
Посебна закана претставуваат и таканаречените „подземни пожари“ кои се активираат со пораст на температурите.
Во гаснењето се вклучени и армијата, како и помош од странство – Србија испрати хеликоптер, а вчера пристигна и швајцарски тим со 26 пожарникари и четири специјализирани возила. Поддршка дава и хеликоптер од Чешка.