Црна хроника
На аеродромот фатен патник од Венецуела со два килограма кокаин
Царинската управа, во соработка со Министерството за внатрешни работи, спречи уште еден обид на шверцување наркотични дроги. На аеродромот „Скопје“ запленети се речиси 2 килограма кокаин.
На 5 декември, околу 20.30 часот, со летот од Цирих, на влез во Република Македонија селектиран е и детаљно прегледан патник државјанин на Република Венецуела. При прегледот во неговиот багаж пронајдени се околу 2 килограма бела прашеста материја, која при проверка со тестер за дрога дала позитивен резултат за присуство на cocaine hydrochloride, што индицира дека непознатата растителна материја е наркотична дрога кокаин.

По преземање на случајот од страна на инспекторите од одделението за истраги при Царинската управа, а по наредба на јавен обвинител, непознатата прашеста материја е доставена на вештачење, со што е утврдено дека станува збор за кокаин.
Вредноста на запленетата дрогата на црниот пазар во Република Македонија изнесува околу 140.000 евра, а таа при продажбата на мало би била повеќекратно зголемена и би достигнала вредност околу 570.000 евра.

Царинската управа на Република Македонија до надлежното Основно јавно обвинителство против осомничениот поднесе кривична пријава поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена дрога во тетовско, уапсени две лица
Вчера во 23:30 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.А.(20) и Ф.А(20) двајцата од с.Боговиње.
При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени двајца малолетници од Скопје, не застанале на полициска патрола, со мотоцикл удриле полицаец
Ноќеска во 00:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода и приведоа двајца 16-годишници од Скопје.
При вршење службени дејствија, околу 00:10 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците, но тој не застанал на знак за запирање, по што со мотоциклот удрил во еден полициски службеник и му нанел повреди.
Набргу, по преземени мерки мотоциклот е запрен и тие се фатени, при што малолетниот сопатник агресивно се однесувал кон полициските службеници.
По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Топ
Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница
Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне.
Како што било пријавено во ОВР Дебар околу 11:35 часот од Итната медицинска помош, 40-годишниот С.К. од Дебар починал на пат кон болницата во градот. Според информациите, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што бил ангажиран на работа.
По несреќата, повредениот бил пренесуван кон болницата, но им подлегнал на повредите за време на транспортот.
На местото на настанот излегле трудов инспектор и јавен обвинител, а по нивна наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на локацијата извршила екипа од ОВР Дебар.

