Спорт
Германките ја добија клучната битка со Шпанија
Германија остана со шанси за пласман во полуфиналето на Европското првенство, откако во првиот меч од групата 2 во втората фаза во Франција со убедливи 29:22 ја победија репрезентацијата на Шпанија.
Победата на Германија не беше под сомнеж во ниту еден…


Германија остана со шанси за пласман во полуфиналето на Европското првенство, откако во првиот меч од групата 2 во втората фаза во Франција со убедливи 29:22 ја победија репрезентацијата на Шпанија.
Победата на Германија не беше под сомнеж во ниту еден момент од мечот, откако по првите 30 минути игра направија +8 (17:9), за потоа рутински да го доведат мечот до крај. Ова се драгоцени поени за Германките, кои сега се израмнети со Романија и Холандија со 4 поени во групата, иако ривалите имаат по натпревар помалку.
Три Германки имаа по четири постигнати голови: Мајке Шмелцер, Емили Белк, Анџела Гешке, додека за Шпанија најефикасна беше Кармин Мартин Беренгуер со седум гола.
Вечерва, во 21 часот, актуелниот носител на европската титула, Норвешка, ќе се обиде да остане во теорија за пласман во полуфиналето во дуелот со Унгарките, на кои исто така им е потребна победа за да останат во игра.
ЕП ФРАНЦИЈА 2018, ГРУПА 2
Шпанија – Германија 23:29 (9:17)
Унгарија – Норвешка 21.00 ч.
Табела: 1.Романија 4, 2.Холандија 4, 3.Германија 4, 4.Унгарија 2, 5.Норвешка 0, 6.Шпанија 0.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сити подготвува понуда за Педри

Педри (22) го потврди статусот на најдобар играч за врска во светот оваа сезона и ја предводи Барселона во борбата за трофеи на сите фронтови. Поради ова, неговите настапи не останаа незабележани и Пеп Гвардиола сака да го доведе во Манчестер сити. Гвардиола смета дека Педри би бил идеален наследник на Кевин Де Брујне, кој треба да го напушти клубот.
Според „Марка“, Манчестер сити подготвува понуда од 100 милиони евра за Педри, кого го гледаат како долгорочна замена за Кевин Де Брујне. Договорот на Белгиецот истекува на крајот од сезоната, а засега нема индиции дека ќе го продолжи.
И покрај гласините, од Барселона велат дека Педри не е на продажба. Клубот е свесен дека на нивниот играч од средниот ред му се восхитуваат ширум Европа, но сигурни се дека неговата иднина е во Барселона.
Педри е клучен играч за тимот на Ханси Флик, сезонава настапи на 44 од 45 натпревари, а само поради болест го пропушти натпреварот против Валенсија.
Спорт
(Видео) Скандал во Тетово – Навивачите на Шкендија пееја песна за УЧК додека им се одаваше почит на жртвите во Кочани

Навивачите на Шкендија предизвикаа голем скандал пред поечтокот на натпреварот со АП Брера.
Додека траеше минутата молк, во чест на 59. загинати во пожарот во Кочани, тие навиваа и пееја песна посветена на УЧК.
Сега на потег е Фудбалската федерација на Македонија. Мкасималната казна е 12 натпревари без публика и парична казна од 5.000 евра.
Инаку, Шкендија ја победи АП Брера со 2.1 и ја задржа предноста од четири бода во однос на Силекс и пет во однос на Работнички.
Видео/ ffm.mk
Спорт
Борзаш од Пелистер се сели во Алкалоид

Урош Борзаш, репрезентативецот на Србија по две сезони ќе го напушти Еурофарм Пелистер, но ќе остане во Македонија. Левиот бек ќе се пресели во редовите на Алкалоид.
Борзаш ја мина академијата на Веспрем, подоцна играше за Тулуз, една година во Елверум, Норвешка, а во Битола е од летото 2023 година.
Стандарден е репрезентативец на Србија, за која на големите натпреварувања дебитираше на Европското првенство во 2022 година.