Спорт
Мејведер „го пецна“ Нурмагомедов: Ако сака борба со мене, ќе го решам и него како Конор
Американскиот боксер, Флојд Мејведер постојано е во центарот на вниманието во јавноста и постојано добива прашања дали ќе влезе во ринг со Хабиб Нурмагомедов откако јавноста беше сведок како доминантно Русинот се справи со Ирецот Конор Мекгрегор.
Пред…
Американскиот боксер, Флојд Мејведер постојано е во центарот на вниманието во јавноста и постојано добива прашања дали ќе влезе во ринг со Хабиб Нурмагомедов откако јавноста беше сведок како доминантно Русинот се справи со Ирецот Конор Мекгрегор.
Пред новогодишната борба што Мејведер ќе ја има со Јапонецот Насукава, тој фрли „отровна стрела“ кон Нурмагомедов за кого вели дека ќе го реши исто како што го реши Конор.
„Јас сум најпознатото лице во боречките спортови. Конор Мекгрегор многу зборуваше, знае што му се случи. Сега Хабиб многу зборува и ако навистина сака да се проба со мене, ќе го решам и него како Конор“ – изјави Мејведер.
Потсетување како се одвиваше борбата меѓу Мејведер и Мекгрегот минатата година:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бруно сподели стори на Инстаграм за Стефан Ристовски
Фудбалерите на Динамо Загреб и оваа сезона ги собраа сите трофеи во Хрватска. Откако на почетокот на сезоната го освоија Супер купот, финишот го зачинија со трофеите во првенството и националниот Куп.
Еден од најстандардните во тимот на Динамо беше поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски. Десниот бек за она што го прикажа сезонава е избран во идеалниот тим на сезоната во Хрватска.
Инаку, Ристовски во Динамо дојде од Спортинг Лисабон. За нешто повеќе од две сезони во Спротинг, Ристовски стана голем пријател со сегашниот капитен на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш.
Поради тоа не чуди што Бруно на својот профил на Инстаграм со речиси девет милиони следбеници сподели фотографија од Ристовски пред трофеите освоени во штотуку завршената сезона. Покрај фотграфијата ставил емоџи од срце и напишал „феномен“.
Спорт
Пикси го објави списокот на Србија за ЕУРО 2024
Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси го објави списокот од 26 играчи на кои смета за претстојното Европско првенство во Германија.
За разлика од Мундијалот во Катар, во тимот го нема Страхиња Ераковиќ од Зенит, на негово место влезе Урош Спајиќ од Црвена звезда, додека Немања Радоњиќ од Мајорка самиот се избриша од спискот, откако изјави дека нема да игра за Србија додека селектор е Пикси.
Нови имиња во репрезентацијата на Србија се Вељко Бирманчевиќ, Петар Ратков, Никола Стојиќ, Срѓан Мијаиловиќ, голманот Ѓорѓе Јовановиќ…
Србија подготвките ќе ги започне на 2 јуни. До почетокот на ЕП, Србија ќе одигра пријателски натпревари со против Австрија во Виена на 4 јуни и против Шведска на 8 јуни во Стокхолм.
Србија ќе игра на Европско првенство за прв пат по независноста, односно 24 години од ЕП во Белгија и Холандија, кога беше дел од СР Југославија.
Во Германија, Србија ќе игра во групата Ц со Англија (16 јуни, Гелзенкирхен 21 ч.), Словенија (20 јуни, Минхен 15 ч.) и Данска (25 јуни, Минхен 21 ч.).
Спиското на Србија:
Голмани: Вања Милинковиќ-Савиќ (Торино), Предраг Рајковиќ (Мајорка), Ѓорѓе Петровиќ (Челзи);
Одбрана: Страхиња Павловиќ (Салцбург), Никола Миленковиќ (Фиорентина), Милош Вељковиќ (Вердер), Срѓан Бабиќ (Спартак Москва), Урош Спајиќ (Црвена звезда), Немања Стојиќ (ТСЦ Бачка Паланка);
Среден ред: Саша Лукиќ (Фулам), Немања Гудељ (Севилја), Немања Максимовиќ (Хетафе), Иван Илиќ (Торино), Срѓан Мијаиловиќ (Црвена Звезда), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Ал Хилал), Душан Тадиќ (Фенербахче), Лазар Самарџиќ (Удинезе), Вељко Бирманчевиќ (Спарта Прага), Филип Костиќ (Јувентус), Филип Младеновиќ (Панатинаикос), Андрија Живковиќ (ПАОК), Мијат Гаќиновиќ (АЕК);
Напад: Александар Митровиќ (Ал Хилал), Душан Влаховиќ (Јувентус), Лука Јовиќ (Милан), Петар Ратков (Салцбург).
Спорт
Триото од 140 милиони евра ќе го напушти Арсенал
Арсенал не успеа да ја врати титулата во Лондон, која на „Емирати“ се чека две децении. „Тобџиите“ до последната секунда беа во трка за титулата, на крајот низ целта први минаа фудбалерите на Манчестер сити.
Две недели по завршувањето на сезоната, челниците на Арсенал, заедно со менаџерот Микел Артета, започнаа да ги кројат плановите за наредната сезона. За да го освежи тимот Артета планира да продаде тројца фудбалери за чии трансфери клубот плати 140 милиони евра.
Новинарите кои го следат Арсенал тврдат дека на продажба се Томас Парти, Габриел Жесус и Фабио Виеира. Трансферите на Виеира и Жесус клубот го чинеа 35, односно 52 милиони евра во 2022 година, а за Парти клубот издвои 50 милиони евра.
Иако Парти на крајот од сезоната се врати во стартниот состав, Артета смета дека му треба поквалитетен дефанзивен играч во редот за врска. Негова цел е Мартин Зубименди чија откупна клаузула во Реал Сосиедад е 60 милиони евра.
Виеира не играше оваа сезона, најчесто беше резерва и не е чудот што Артена повеќе не смета на него. Жеусу играше по системот топло-ладно, најмногу поради проблемите со коленото.
Артета сака голгетер, а на спиското му се Александер Исак (Њукасл), Виктор Ѓекереш (Спортинг) и Бенјамин Шешко (Лајпциг).