Црна хроника
Истрага против 20-годишен скопјанец кој во домот чувал пушкомитралез
Основното јавно обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишен скопјанец во чиј дом при полициски претрес бил пронајден пушкомитралез.
Како што информираат од обвинителството, при извршен претрес во домот на осомничениот од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, кај него бил пронајден пушкомитралез од типот degtyarev type 56 RPD со калибар 7,62X39 милиметри од кинеско производство.
Ваков вид оружје на граѓаните им е забрането да поседуваат, а при извршената анализа се покажало дела пушката исправно функционира.
Скопјанецот се товари дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Со оглед на околностите кои го оправдуваат стравот од опасност за бегство, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Судијата го прифатил ваквиот предлог и на скопјанецот му определил притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
24-годишник ја претепал мајка му во Охрид
Денеска (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја истепала мајка си: уапсена 35-годишна жена од Охридско
На 11.11.2026 во 20:00 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле 35-годишна жена.
Полицијата постапила по претходна пријава дека таа физички ја нападнала нејзината 62-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет.
Според МВР, по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
12-годишно дете повредено во Центар – напаѓачот му го оштетил велосипедот
Во полицијата е пријавен напад врз 12-годишно дете што се случил на 11 ноември, околу 15:50 часот, во скопската општина Центар.
Според пријавата поднесена од Г.М. (39) од Скопје, неговиот син бил физички нападнат од лицето Б.Љ., кое по нападот со остар предмет му нанело расекотина и му го оштетило велосипедот.
Детето било веднаш пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите за нападот.

