Контакт

Македонија

Заев-Ручи: Македонија е сè поблиску до ЕУ и НАТО

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, денеска, се сретна со Грамоз Ручи, претседател на собранието на Албанија.

dobivaj vesti na viber

„Претседателот на парламентот на Албанија ги оцени како искрени и пријателски односите помеѓу Македонија и Албанија, ги поздрави договорите со Бугарија и со Грција и најави дека неговата земја и албанскиот парламент ќе бидат меѓу првите што ќе го потпишат протоколот за членство на Македонија во НАТО“, соопштија од Владата.

Премиерот Заев се заблагодари за поддршката од Албанија во НАТО-интеграциите и оцени дека се отворени големи перспективи за соработка на двете држави на економски план.

„Ѝ благодариме на Република Албанија за поддршката за членство на Македонија во НАТО. Од големо значење е и поддршката што си ја даваме во ЕУ-интеграциите. Очекувам околу средината на јануари да биде ратификуван договорот од Преспа во парламентот во Македонија по што следува ратификацијата на договорот од грчка страна, како и ратификацијата на протоколот за НАТО. Владите на Македонија и на Албанија се во искрена, редовна и пријателска соработка. Јас ќе ја искористам шансата во име на Владата на Македонија да повикам да се унапреди уште повеќе соработката меѓу двата парламента. Посебно на економски план имаме одлични перспективи да им овозможиме квалитетен живот за граѓаните во нашите земји“, рече Заев.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Објавено пред

Од

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со екипи на ЈП Јасен. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира Дирекцијата за заштита и спасување.

dobivaj vesti na viber

Од таму велат дека една линија на пожарот која се протегала исклучително стрмно над асфалтираниот пат кој низ ловиштето Јасен води од Скопје кон езерото Козјак, е успешно изгасната од страна на армиските Волци со што е спасена поголема површина зимзелена шума.

Од ДЗ напоменуваат дека борбата со огнот на моменти е ризична поради што се уште не може да се воспостави контрола над овој шумски пожар кој се одвива на екстремно тежок терен.

Во врска со останатите пожари, ДЗС информира дека пожарот над с. Свиларе е целосно изгаснат додека пожарот на територијата на с. Радуша се уште е активен и се движи кон општина Јегуновце.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Новото раководство во Еразмус е во целосна координација со канцеларијата на ЕУ

Објавено пред

Од

СДС нека провери во своите редови пред да зборува следен пат, Лидија Димова беше разрешена од Агенцијата заради злоупотреба на финансиски средства, не постои институција во која СДС нема направено криминал, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со обвинувањата од СДСМ  за новото раководство на „Еразмус“.

dobivaj vesti na viber

„Актуелното решение е во целосна координација со канцеларијата на Европската Унија. Истите забелешки, СДС нека ги сподели и со канцеларијата на ЕУ. Во меѓувреме, пред да излезат со прес-конференции и соопштенија, СДС прво да си го погледнат својот двор. Впрочем, нивниот „двор’’ е полн со луѓе кои обавувале јавни функции и скоро па да нема некој кој не бил поврзан со некаков сомнеж или сторен криминал. Таков случај беше и оној, кога Лидија Димова како директорка на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, ја злоупотребила службената положба и проневерила заедно со уште две лица, околу 20 милиони денари. Димова предизвикала шета на други средства во државата со кои управува Европската заедница во вкупен износ од околу 20 милиони денари, со коишто Димова направиле две кривични дела. За конкретниот случај, таа беше и обвинета од страна на ОЈО ГОКК.

Да потсетиме, тогашниот премиер Заев ја присили Димова да не ја поднесува пријавата за сторен криминал од 2,2 милиони евра, кој потоа Европската заедница си ги бараше назад. Овие пари завршиле кај исти луѓе и тендерите ги добиле исти две фирми поврзани со овие луѓе. Оваа мрежа имала своја логистика во Националната агенција, а првопријавеното лице и во кабинетот на премиерот, како близок пријател на еден од националните координатори во Владата.

Затоа, СДС нека си ги проверува своите редови и криминалите што ги има направено. Знаеме дека се многу и понекогаш можеби ги забораваат, но затоа тука сме ние да ги потсетиме и да го повикаме ЈО да си ја извршува работата“ пишува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЗНМ и ССНМ бараат итна проверка на околностите со случајот со новинарите во Демир Хисар

Објавено пред

Од

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост поради начинoт на постапување на полициски службеници кон новинари од пелагонискиот регион.

dobivaj vesti na viber

„Случајот за кој веќе испративме официјален допис до Министерството за внатрешни работи, се однесува на известување за разрешувањето на директорка на училиште во Демир Хисар, кога полициски службеници им пристапиле на новинарите додека тие известувале од настан од висок јавен интерес, барајќи нивно легитимирање, иако било очигледно дека се работи за медиумски работници со професионална опрема. Настанот се случил на јавна површина – двор на училиште. Сметаме дека вакви ситуации може да се протолкуваат како обид за вршење притисок врз новинарите, што е недозволиво мешање во нивната работа и нарушување на медиумските слободи“, соопштија ЗНМ и ССНМ.

Од таму велат дека во дописот до МВР бараат итна и сеопфатна проверка на околностите, утврдување на законската основа за ваквиот вид постапување и одговорност доколку се потврди дека полициските службеници ги пречекориле своите овластувања.

„Очекуваме МВР и Секторот за внатрешна контрола во најкус можен рок да информира за утврдените околности и доколку се потврди прекршување на овластувањата, да преземе соодветни мерки против одговорните службеници“, се наведува во заедничкото соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со...

Свет3 часа

ЕУ воведува нови санкции кон Русија

Европската Унија подготвува 19-ти пакет санкции против Русија, бидејќи Москва продолжува да ги отфрла повиците за прекин на огнот во...

Топ6 часа

Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33)...

Топ6 часа

Скопјанец почина на Клинички откога бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција

Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај...

Топ6 часа

Претреси во село Гајре во врска со пукањето во Тетово: уапсени четворица, пронајдени предмети

Вчера во периодот од 12:50 до 15:00 часот во село Гајре, тетовско, согласно судска наредба, а во врска со вооружената...

Регион7 часа

(Видео) Густ чад го обвива Петровац, сцените од плажата се морничави: Црна Гора сè уште се бори со пожарот

Црна Гора сè уште се бори со пожарот, иако ситуацијата во Чањ и во Буљарица се чинеше дека се смирува,...

Македонија7 часа

(Видео) СДСМ: Нов скандал во Националната агенција „Еразмус“, Ана Михајлов, осомничена од ОЛАФ, назначена за в.д. директорка?

„Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја...

Македонија8 часа

(Видео) „Како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење“, прашува Лефков

„Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии пари е платена, како со лекарска плата Венко...

Македонија8 часа

Директорката на гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

Директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска се јави на информативен разговор во полициската станица во Демир Хисар....

Регион9 часа

(Видео) Пожари беснеат во Буљарица и Чањ, пожарникарите се борат со силниот ветер и густиот чад

Црна Гора за кусо време беше погодена од катастрофални пожари, од кои најкритични беа во Чањ, Буљарица и недалеку од...

Македонија10 часа

Патот Брезница – Македонски Брод целосно затворен поради пожар

Поради пожар, утрово целосно е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот парк Јасен, до Македонски Брод. Според...

Македонија10 часа

23,7 отсто од младите во земјата ниту учат ниту работат – „Хера“ со порака до кандидатите за градоначалници

Додека светот денес го слави 12 август – Меѓународниот ден на младите, младите луѓе во државата сè уште живеат во...

Топ11 часа

Обид за убиство во Виница: маж избоден четирипати пред угостителски објект

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32)...

Свет11 часа

(Видео) Рекорден топлотен бран во Европа – во Италија почина четиригодишно дете

Во топлoтниот бран, кој вчера ја зафати Европа, едно дете почина од топлотен удар во Италија, шумските пожари се му...

Македонија12 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет години нема ниедно обвинение, ниеден обвинет, ниедно рочиште

Пет години по затворањето на „Еуростандард банка“, оштетените штедачи повторно јавно реагираат дека истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење...

Свет13 часа

Трамп: Ќе се обидам да вратам дел од територијата на Украина, за танго се потребни двајца

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави во Белата куќа дека неговата средба со Владимир Путин ќе биде „разговор за да...

Забава13 часа

(Видео) „Јадранскиот Титаник“ потонал пред 111 години: денес е атракција за нуркачите во близина на омиленото место на Тито

Некогаш најубавиот брод на австриската компанија Österreichischer Lloyd – елегантен, брз и луксузен – лежи веќе 111 години на дното...

Македонија14 часа

Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија24 часа

Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се...

Македонија24 часа

Најмногу туристи ни дојдоа од Турција во јуни

Според податоците од Државниот завод за статистика, во јуни годинава во земјата биле регистрирани вкупно 126.415 туристи, од кои 20,1...