Свет
Од дијабетес до проблеми со ерекција: руска компанија произведувала лажен лек
Руска компанија рекламирала и продавала лажни лекови, за кои користела научни трудови и написи од сомнителни извори со цел да го поткрепи кредибилитетот дека супстанците може да се користат за третирање или лекување на голем број болести, вели Стивен Салцберг, професор по биомедицинско инженерство, компјутерски науки и биостатистика на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.
Професорот вели дека компанијата „Материа медика холдинг“ рекламирала лек кој може да излечи грип, менингитис, херпес, ХИВ, дијабетес, проблеми со ерекција, несоница, прекумерна дебелина, хронични воспаленија, како и некои ментални болести, алкохолизам и алергии.
Трудовите со кои се крепат овие лекови се издадени од руски автори, но како коавтор на речиси сите трудови се јавува една личност, Олег Епстин, кој е всушност сопственик на компанијата, вели професорот Салцберг.
„Епстин и неговите руски соработници биле доволно умни за да го прикријат фактот дека овие лекови воопшто и не се лекови. Нивните научни трудови се преполни со научен жаргон, а тоа им било во полза кога ги поднеле документите за рецензија, а како што знаеме, рецензентите понекогаш знаат да бидат мрзеливи“, објаснува професорот.
Благодарение на друг извештај (провокативно насловен „Фармацевтско откритие: Молекулите и не се потребни“) објавен од BMJ Evidence-Based Medicine, сега сме свесни дека овие лекови воопшто не се лекови бидејќи тие не содржат никакви активни супстанци.
Лажниот хомеопатски „лек“ во моментов се продава само во Русија, но производителот се обидува се пробие и на европскиот и американскиот пазар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

