Вести
Хамас ги осуди нападите во Париз

Палестинското исламистичко движење Хамас, коешто САД и Израел го имаат на листата терористички организација, а Европската унија неодамна поведе постапка да биде симнато од нејзината соодветна листа, го осуди во саботата нападот врз францускиот сатиричен магазин Charlie Hebdo во Париз во кој во средата беа убиени 12 луѓе, во соопштението за оваа прилика издадена на француски јазик, истакнува AFP.
Движењето Хамас, коешто ја има власта во палестинската енклава Појасот Газа, во соопштението го „осудува нападот врз весникот Charlie Hebdo и истакнува дека убиството не може да ги оправда разликите во мислењето.
Хамас, кој од САД и Израел е сметана за исламистичка терористичка организација, од 8-ми јули до 26-ти август 2014 година водеше војна со Израел со која Газа беше разорена, а загинаа над 2.200 Палестинци, повеќето цивили меѓу кои и стотици деца и 73 Израелци, од кои шест цивили.
Во соопштението Хамас одговара и на обвинувањата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој во средата изјави дека Франција, Израел и „цивилизираните земји“ се соочени со иста закана.
„Тие терористи убиваат новинари во Париз, (…) со ракети од Газа гаѓаат цивили“, рече Нетанјаху, кој веќе со месеци во јавните настапи го изедначува Хамас со џихадистичкото движење Исламската држава кое на големите области со површина на Велика Британија кои ги контролира во Сирија и во Ирак пред половината година прогласи ткн исламски калифат.
„Хамас ги осудува очајничките обиди на израелскиот премиер Нетанјаху нашето движење и отпорот на нашиот народ да ги поврзе со тероризмот во светот (…) Тие бедни обиди се осудени на неуспех“, се додава во соопштението што го цитира AFP.
Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд абас, во телефонски разговор му изрази сочувство на францускиот претседател Франсоа Оланд по нападите врз неделникот во средата, соопшти неговиот министер за надворешни работи Ријад ал-Малки.
Абас истакнал дека „палестинскиот народ и неговото водство се солидарни со Франција по тој терористички напад“, како и дека тој чин наишол на „остра осуда во проповедите на петочната молитва“.
Малки додаде дека палестинската делегација во којашто ќе има христијански и муслимански угледни лица „следните денови“ ќе ја посетата Франција за да ја изразат својата „поддршка на борбата против тероризмот“.
Палестинската ослободителна организација (PLO), којашто ја контролира другата палестинска енклава Западниот брег (од реката Јордан), повика во недела напладне да се одржат собири на солидарноста на окупираните палестински територии, вклучително и во источен Ерусалим./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.