Спорт
Рибера за мундијалот 2019 се потпира на ексвардарците
Македонската ракометна репрезентација, која во јануари ќе е учесник на Светското првенство 2019 година во Германија и Данска се чини најтешкиот противник во групната фаза ќе го има во селекцијата на Шпанија.
Токму селекторот на шпанската селекција Жорд…
Македонската ракометна репрезентација, која во јануари ќе биде учесник на Светското првенство 2019 година во Германија и Данска, се чини најтешкиот противник во групната фаза ќе го има во селекцијата на Шпанија.
Токму селекторот на шпанската селекција, Жорди Рибера, го објави поширокиот список со 28 ракометари на кои ќе смета на мундијалот, а на него може да се видат имињата на речиси сите ексракометари на скопски Вардар.
Рибера остави простор во репрезентацијата за незаменливиот голман Арпад Штербик, а покрај него во комбинација за настап се и Хорхе Македа, Алекс Душебаев и Жоан Кањелас.
Македонија и Шпанија својот дуел на мундијалот ќе го играат на 16. Освен Шпанија, во групата со Македонија се и селекциите на Хрватска, Исланд, Јапонија и на Бахреин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Флорентино Перез побарал на Реал да му судат англиски судии
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез побарал од Англиската фудбалска асоцијација неколку англиски судии. Ова го откри новиот претседател на Шпанската фудбалска федерација, Рафаел Лузан.
Претседателот на Реал Мадрид веќе извесно време е незадоволен од начинот на кој му се суди на неговиот клуб во шпанското првенство.
„Флорентино чувствува деканеговиот тим да не е третиран подеднакво од судиите како и другите клубови. Тој ми рече дека морам да го решам овој проблем бидејќи судиите постојано му штетат на Реал Мадрид. Според него, Реал Мадрид изгубил бројни трофеи токму поради судењето“, рече Лузан за ТВ „Ел Чирингито“.
Судењето често е тема во Шпанија, особено кога на Реал Мадрид не му оди најдобро. „Кралскиот клуб“ отворено ги критикува судиите, константно врши притисок, а понекогаш на клупската телевизија објавува видеа од одредени ситуации за да го насочи вниманието кон судиите.
Реал моментално е на првото место во шпанското првенство, со четири бода повеќе од Атлетико и седум од Барселона.
Спорт
Данска го декласира Бразил
Данска очекувано избори пласман во полуфиналето на 29.Светско првенство во ракомет. Актуелните шампиони, во третото четвртфинале декласираа Бразил со 33:21 (15:12).
Натпреварот во Осло од самиот почеток беше „еднонасочна улица“. Данска во 15.минута имаше предност од шест гола (9:3). По тајм аутот на бразилскиот селектор, неговите играчи заиграа подобро, до полувремето ја преполовија негативата.
Во вториот дел Данците ја вратија предноста од пет гола, а Бразил влезе во машината на Данска. Период од 11 минути во кој Бразилците не постигнаа гол, иницираше серија на Данска 8:0. Блескаше во тој период и голанот на Данците, Емил Нилсен кој мечот го заврши со 15 интервенции.
Напдот на Данска го предводеа Гидсел, Лауге и Јакобсен со по шест гола. Најефикасен Бразилец беше Карваљо со седум гола, голманите на Бразил збирно имаа 12 одбрани (Да Роса пет, Мартинс седум).
Данска во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Португалија и Германија.
Спорт
Луис Хамилтон излета од патеката за време на приватниот тест на Ферари во Барселона
Луис Хамилтон излета од патеката за време на приватниот тест на Ферари во Барселона.
Седумкратниот шампион во Формула 1 излетал неповреден, а инцидентот се случил додека Британецот го минувал третиот сектор на патеката во Каталонија.
Поранешниот возач на Мекларен и Мерцедес удри во бариера во неговиот модифициран болид СФ-23. Помина без посериозни последици во инцидентот, но неговиот болид претрпе оштетувања.
Хамилтон сам излезе од возилото, кое потоа беше вратено во боксот, каде механичарите на Ферари ќе ја анализираат причината за новонастанатиот проблем.
Lewis Hamilton has had a minor crash in testing in Barcelona.
It is understood that he has no injuries and is doing well. pic.twitter.com/GfiDtXXr4f
— Sky Sports F1 (@SkySportsF1) January 29, 2025
Шарл Леклер требаше да го преземе возниот дел од остатокот од тестирањето, но ќе мора да почека додека автомобилот не биде подготвен за возење.