Топ
Мајка моли да се пронајде нејзиниот син, исчезнал пред два дена во Скопје
Дваесет и шестгодишно момче исчезнало во Скопје, откако пред два дена заминало од дома, по што не се вратило. Семејството моли за помош на социјалните мрежи. Случајот е пријавен во полиција, а најблиските и роднините споделуваат на „Фејсбук“ фотографии и информации за исчезнатото момче.
Според објавените информации, станува збор за Пинета Секондо (26), роден во Италија, кој во неделата заминал од дома. ,,Ве молам помогнете ми да го најдам моето синче. Излезе синоќа околу 20 часот и последен пат е виден во Ѓорче Петров во 22 часот. Излезен е со бела шкода (таблички СК1566АП) . Ве молам помогнете ми”, апелира неговата мајка на „Фејсбук“.
Од полицијата потврдуваат дека вчера, во 19 часот, во Полициското одделение Петровец, М.Т.(44) од Скопје пријавила дека претходниот ден нејзиниот син П.С.(26) се одалечил во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР.
На социјалите мрежи кружат апели за помош да се пронајде момчето.
,,Бараме хакер што ќе го пробие пасвордот на Фејсбук! Детево се допишувало со ‘девојка од Тетово’ и од вчера е исчезнат! Недостапен е на телефоните!
Дечкото со радост ги очекувал родителите да пристигнат од странство по долго време, требало да ги пречека, но му се губи секоја трага! Пред да почнете со претпоставки, ниту е коцкар, ниту наркоман, ништо од пороци. Нормален дечко од прекрасни родители! Така и ги запознавме, мајка му е најголем хуманист и донатор во нашата организација! Ве молам да ѝ помогнеме да си го најде детето!
Доколку имаме хакер кој сака да помогне за да се најде каква било трага, нека ѝ заѕвони, луѓево не спијат! Ова се броевите од дечкото, тел:078244808 и тел:070252836. Кој може да хакира компјутер или да најде телефон, ве молам пишете ѝна мајката! Не ѕвонете беспотребно ве молам! Мајката е Маја, 078246917, ова е нејзин број! Бараме бела ‘шкода фабиа’ со таблички Ск1566ап. На левата страна на вратата има знаме од Европа и Македонија и пишува Демир Капија Смоквица”, се наведува во апелот објавен на „Фејсбук“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.
Македонија
Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа
Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух „Ај-кју ер“ (IQAir).
Според последните податоци, индексот на загаденост за Скопје во 9 часот изнесува 95, што е во категоријата на средна загаденост.
Од европските градови зад Скопје се Амстердам , Сараево и Белград, додека на светско ниво најзагаден воздух дишат жителите на Лахор (Пакистан), Делхи (Индија) и Карачи (Пакистан).
Министерството за животна средина и просторно планирање завчера издаде препораки до граѓаните за заштита од загадувањето. На сите работодавци и им се препорачува да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и граѓаните со хронична астма, прележан срцев удар или мозочен удар, без оглед на возраста. На оние кои мора да работат на отворено им се препорачува смените да им бидат поместени во интервалот од 11 до 17 часот.
Македонија
АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава
Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на 22,3 тони киви наменети за индустриска преработка и издаде решение со наредба за нештетно уништување.
Како што информираат од АХЦ, станува збор за 22.340 килограми од овој вид овошје, увоз од Република Србија, за која пратка, со органолептички преглед од страна на инспектор за храна, утврдено е дека истата не е безбедна за увоз и за понатамошна преработка.
-На увозникот издедено му е решение со наредба за нештетно уништување на спорните количини киви, по добиеното известување од негова страна дека пратката не може да се врати во земјата извозник, стои во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство.

