Македонија
Oблачно и студено, ќе провејува и слаб снег
Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено, попладне и во текот на ноќта со локални врнежи од снег главно со слаб интензитет. На крајниот југоисток врнежите ќе бидат од дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се движат од -1 до 6 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно, попладне со услови за провејување на снег, со температура до 2 степена.
Следува период на претежно облачно време со повремени врнежи со слаб, а на места и умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Утре слаби врнежи ќе има главно во претпладневните часови и ќе бидат претежно од снег. Во сабота поради благо затоплување врнежите во пониските места ќе бидат од дожд, но во недела претпладне висината на снежната граница повторно ќе се намали, а врнежите ќе бидат со умерен интензитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје
„Кога велиме ограбена држава, мислиме на десетици и стотици милиони евра кои од владата на СДС и ДУИ завршиле кај ним блиски фирми и лица, наместо во проекти од општо добро и значење. Нашите тврдења, сега се поткрепрни и од Државниот ревизор, со ревизијата завршена во мај 2023 година, која точно посочува како се трошеле стотици милиони евра народни пари. Имено во извештајот се констатира дека преку Владината потпрограма Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, исплатени се средства во износ од над 6 милијарди денари без утврдени критериуми во однос на избор на институции и износот на одобрените неповратни финансиски средства. Тоа се цели 100 милиони евра“, вели Марија Митева, портпарол и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
“За да може да разбереме колкава штета е направена, ќе нотираме дека изградбата на нов Клинички центар во Скопје со оставен проект во 2017 година ќе чинеше 120 милиони евра. Значи владата на СДС и ДУИ за една година на сомнителен начин поделила пари колку за еден нов Клинички центар во Скопје. Се разбира никој не знае како се поделени истите, ниту што е ефектот. Кога се прашуваме зошто власта на СДС и ДУИ за 7 години не направи нов Клинички центар, а иако имаа готов проект, еве го одговорот“, посочува Митева и додава:
„Наодите на ревизија се уште пострашни во продолжение, имено тие велат дека при поделбата на овие 100 милиони евра, 33% од примателите на средствата немаат доставено извештај за реализираните активности до Владата. Што во буквален превод значи, владата воопшто нема претстава каде завршиле цели 33 милиони евра од 100 милиони кои ги делела без јасно утврдени критериуми. Ова е само еден дел од злоупотребите констатирани од ДЗР за само една буџетска година, деновиве ќе продолжиме со изнесување детали од истиот Извештај во однос на други неправилности. Одговорност мора да има“.
Скопје
Стефковски: Градиме нови фитнес зони во Хиподром, Стајковци и Инџиково
Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира за реализација на новиот проект за изградба на три фитнес зони.
Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша:
„НОВИ ФИТНЕС ЗОНИ ВО ХИПОДРОМ, ИНЏИКОВО И СТАЈКОВЦИ! Во тек се градежни активности за изградба на три фитнес зони на територија на општина Гази Баба. Фитнес зони градиме во: Хиподром во рамки на спортскиот центар во Вера Јоциќ; Стајковци во рамки на спортскиот центар Иван Илиев; Инџиково кај спортскиот терен на вештачка трева. Со реализацијата на овој проект овозможуваме услови за спортување и рекреација на граѓаните. Во изминатиот период фитнес зони изградивме во Триангла, Колонија и Керамидница“, – пишува Стефковски.
Скопје
Герасимовски: Започнува третото издание на „Маалски фестивал“
Со изложби, креативни работилници, концерти, базари, саеми и други културни настани стартува третото издание на „Маалски фестивал“. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека со фестивалот општината гради традиција на различни културни вредности.
„Маалски фестивал е уникатен сам по себе затоа што нуди навистина различни аспекти од културното изразување на уметниците и Здруженијата кои имаат учество во фестивалот. Станува збор за тридневен фестивал кој е во организација на Културниот Центар Јадро. Истиот започнува во петок има навистина богата програма за сечиј вкус и за секоја возраст. Овој мултимедијален и инклузивен колаж од збиднувања има за цел да ги анимира и инспирира граѓаните, односно уметниците и публиката кои заеднички ќе учествуваат во создавање на една неповторлива и автентична маалска приказна“, вели Герасимовски.
Герасимовски најавува дека Фестивалската програма започнува во петок на 27 септември со Креативна работилница за изработка на све и свашта за у Маало која започнува во 10 часот, а потоа и работилница за изработка на урбана опрема под водство на Никола Писарев.
Маалскиот фестивал вклучува танц, музика, книжевност, прошетки по маало, филмски промоции, театарски претстави и уличен базар. Овој мултимедијален и инклузивен колаж од збиднувања има за цел да ја анимира и инспирира локалната заедница.