Свет
Уште еден Канаѓанец исчезна во Кина
Канада соопшти дека се обидува да стапи во контакт со нејзин државјанин во Кина, кој исто така бил испитуван од страна на кинеските власти, по што му се губи трага.
„Уште еден канадски државјанин нè извести дека го испитувале кинеските власти“, рекла Фриланд, два дена откако во Кина беше уапсен канадски дипломат.
„Потоа не успеавме со него да стапиме во контакт и настојуваме да дознаеме каде се наоѓа“ истакнала министерката, додавајќи дека за сè побарале информации од кинеските власти. Со оглед дека се работи за чувствителна ситуација, Фриленд одбила да даде повеќе информации за неговиот идентитет.

Но, Би-би-си објави дека се работи за Мајкл Спавор, бизнисмен кој живее во Дандонг, град во близина на границата со Северна Кореја. Особено е интересно што на неговиот фејсбук-профил можат да се пронајдат фотографии со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, како и со славниот американски НБА-кошаркар Денис Родман, кој повеќепати ја посетил Северна Кореја. Исто така, има и кадар од екранот од текст на Би-би-си за западни бизнисмени кои тргуваат со Северна Кореја, а меѓу нив се наоѓа и негова фотографија.

Како што пренесува канадски Си-би-ес, Спавор има блиски врски со Северна Кореја, која често ја посетува и коментира теми врзани со неа, а познат е и по организирање состаноци меѓу Ким и странски спортисти, вклучитело и Родман.
Кина соопшти дека како и во претходниот случај со приведување на канадски државјани, и Спавор е под истрага поради сомневање дека се впуштил во активности кои ја загрозуваат кинеската национална безбедност. Пред два дена Отава потврди дека во Кина е уапсен канадски државјанин Мајкл Ковриг, поранешен дипломат кој работел за меѓународна кризна група, со седиште во Берлин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

