Спорт
В среда почнува пријавувањето за третото издание на „Охрид трчаТ“

Под мотото „Трчај, забавувај се и уживај во убавините на Охрид“, атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ ја почна кампањата за третото издание кое ќе се одржи на 2 јуни следната година.
Пријавувањето за учество за следното трето издание на најголемата и најмасовна спортска манифестација ќе почне в среда, на 19 декември, а организаторите најавуваат многу новитити, но задржување на забавата, музиката, дружењето и трчањето што го краси „Охрид трчаТ“, велат оттаму.
„Организациски стартувавме со кампања за третото издание на ‘Охрид трчаТ’, а со пријавување ќе почнеме од следната среда. Работиме напорно да го задржиме квалитетот и да внесеме што повеќе новитeти со кои ќе го кренеме настанот едно или две нивоа погоре“, изјавија од „Охрид трчаТ“.
Понудата останува иста, односно вљубениците во трчањето можат да учествуваат на 5 и 10 километри или тим-билдинг трката што се трча на 5 километри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ЕХФ го објави идеалниот тим на Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација (ЕХФ), на своите официјални профили на социјалните мрежи го објави тимот на сезоната 2024/25 во Лигата на шампионите. Во гласањето учествуваа тренерите, играчите, новинарите и ракометните фанови.
Четворица дански репрезентативци се најдоа во идеалниот тим: голманот Емил Нилсен (Барселона), левото крило Емил Јакобсен (Фленсбург), десниот бек Матијас Гидсел (Фуксе Берлин) и Магнус Саугструп (Магдебург) кој е избран за најдобар дефанзивен играч.
Освен нив, во најдобриот состав се и шведскиот лево крило Феликс Клар (Магдебург), десното крило на Пик Сегед, Марио Шоштариќ, исландскиот централен бек Гисли Кристјансон (Магдебург) и францускиот пивот Лудовик Фабрегас (Веспрем).
Минатата сезона, Магдебург ја освои Лигата на шампионите откако го победи Фуксе Берлин, додека Нант ја победи Барселона во натпреварот за третото место.
ЕХФ ќе ги објави имињата на најкорисен играч (MВП) и најперспективен млад играч од минатата сезона во петок, 27 јуни.
Спорт
(Видео) Барселона објави кога се враќа на „Ноу Камп“
Барселона, официјално потврди дека долгоочекуваното враќање на „Камп Ноу“ ќе се случи во недела, 10 август 2025 година, за време на традиционалниот Трофеј Џоан Гампер. Иако противникот сè уште не е официјално потврден, италијанскиот Комо моментално е главен фаворит.
Тоа ќе биде прво појавување на машкиот тим на „Камп Ноу“ по повеќе од две години реновирање, а се очекува стадионот да има намален капацитет од околу 25.000 гледачи во таа фаза, иако ова сè уште не е официјално објавено.
Клубот најавува и посебна програма на активности што ќе се одржат по повод големото отворање, а деталите ќе бидат објавени во наредните недели.
Барселона беше привремено преместена на олимпискиот стадион „Монжуик“. Од клубот објавија дека „емоцијата на фудбалот се враќа во храмот со сино-гранат, во срцето на Лес Кортс“.
Сепак, јасно беше наведено дека работите нема да бидат целосно завршени.
Останува да се заврши изградбата на третата трибина, двојниот ВИП прстен, покривот (чија инсталација е планирана од летото 2026 година) и последните внатрешни и надворешни прилагодувања на стадионскиот комплекс.
Клубот ветува максимални напори да им обезбеди на сите навивачи и членови најпријатно можно искуство, со прилагодување на пристапот и услугите на стадионот.
Ова соопштение дојде еден ден откако Барселона ја почна кампањата „Се враќаме дома, повторно вибрираме“, серија акции исполнети со емоции, симболика и идентитет.
Промотивни пикап возила во боите на Барса се движеа низ центарот на градот со инсталирани звучници и ги емитуваа амбиенталните звуци на стадионот.
Денот кулминираше со проекции на клупските легенди: Меси, Кројф, Роналдињо, Деко и Стоичков на фасадите на знаменитостите на Барселона. Со овој проект, Барса сака дополнително да го поврзе клубот со својот град и соседство. „Espai Barça“ не е само спортски проект, туку и како урбан, социјален и културен придонес кон Барселона, Ле Кортс и Каталонија.
Tornem a casa, vibrem pic.twitter.com/ZMo6PAh1BQ
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) June 25, 2025
Спорт
Модриќ го потврди трансферот во Милан

Она што се шпекулираше пд завршувањето на сезоната 2024/2025, сега доби потврда, Лука Модриќ стана нов играч на Милан.
Најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид одлучи усно да потврди дека ќе се пресели на северот од Италија.
Модриќ ќе му се приклучи на новиот клуб по Светското клупско првенство.
Трансферот го потврди Фабрицио Романо, најпознатиот фудбалски новинар специјализиран за трансфери.
Деталите од договорот сè уште не се познати.