Македонија
Тасева ќе оцени дали Ласкова влијаела за грантот на нејзината снаа

До 20 декември „Транспаренси интернешнал – Македонија“ треба да ја заврши проценката на ризик за четирите компании добитници на грантови од Фондот за иновации кои се изјаснија дека се поврзани со носители на јавни функции. Од проценката на претседателката Слаѓана Тасева ќе зависи дали ќе добијат државни пари компаниите поврзани со Цветанка Ласкова, советничка на премиерот, со министерот за култура, Асаф Адеми, со поранешниот министер без ресор Веле Самак и со поранешниот амбасадор Јован Донев. Фондот за иновации, откако најави дека надворешен соработник ќе ја врши проценката на ризик, склучил договор за соработка со „Транспаренси интернешнал – Македонија“ со кои соработуваа и во подготовка на протоколот за постапување со компании поврзани со носители на јавни функции.
„Постапката се спроведува индивидуално за секоја од четирите фирми кои се изјаснија дека се поврзани со носители на јавни функции. Се работи по протоколот кој е веќе финализиран и објавен на веб-страницата на Фондот за иновации. Се оценува ризикот од влијание на носителите на јавни функции врз одобрувањето на грантот, како и влијанието што можат да го имаат понатака во целиот процес. Без оглед што се изземаа дел од сопствениците кои се поврзани со јавни функционери, проценката на компаниите се врши онака како што аплицирале бидејќи грантовите им се одобрени пред изземањето. И изземањето ќе биде земено предвид, но не е пресудно. Ако воведеме практика да аплицираш, да добиеш грант па да се изземеш, ништо не сме направиле“, изјави за „Макфакс“ Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.
„Транспареси интернешнал – Македонија“ до 20 декември треба да ја достави во Фондот проценката на ризик кај четирите компании во која треба да укаже дали има низок, среден или висок ризик поврзаноста со носителот на јавна функција. Конечната одлука, врз основа на проценката, ќе ја донесе Комитетот за одобрување инвестиции во Фондот за иновации на првата седница. Директорот Деспотовски вели дека следната седница е закажана на 24 јануари, па очекуваат на таа седница на дневен ред да бидат ставени и четирите компании.
На пари од Фондот за иновации сè уште чекаат фирмата „Декодикс“, од чие сопствеништво се иззема снаата на Цветанка Ласкова, компанијата „Т- сенс“ поврзана со сопругата на актуелниот министер за култура, Асаф Адеми, која исто така се иззема од сопственичката структура, „Микросам“ од Прилеп, сопственост на поранешниот министер без ресор Веле Самак, и „Контура“, сопственост на Елена Донева, член на потесното семејство на поранешниот амбасадор Јован Донев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Комисијата утврди дискриминација врз професионалните војници – синдикатот бара итни законски измени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди индиректна дискриминација врз професионалните војници од страна на Министерството за одбрана, информира Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје.
Претставката до Комисијата ја поднел Александар Насковски, претседател на синдикатот и професионален војник, на 12 ноември 2024 година. Според него, Министерството со години не го трансформира работниот однос на професионалните војници од определено на неопределено време, спротивно на член 46 од Законот за работни односи.
„Професионалните војници се единствената категорија вработени во државата кои работат и по 25 години со договори на определено време, често продолжувани и по седум или осум пати, без можност да остварат право на пензија“, изјави Насковски.
По долготрајна институционална игнорација, синдикатот на 3 јуни 2025 година достави предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата до Собранието и сите пратенички групи. Со предложените измени се предвидува конечно уредување на статусот на професионалните војници и спроведување на препораките од Комисијата.
Синдикатот очекува Министерството за одбрана и пратениците да постапат по препораките и да ја исправат, како што велат, децениската неправда, со што ќе се постигне и буџетска заштеда за институцијата.
Македонија
Ангелов на состанок во Берово: Планирање на акција за справување со пожарот над Русиново

Раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, синоќа присуствуваше на координативниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Берово, предводен од градоначалникот Звонко Пекевски.
На работниот состанок се анализираа извештаите за движењето и интензитетот на пожарот во планината над селото Русиново. Како главни предизвици беа посочени променливиот ветер, остатоците од стари пожари – шупливи дрвја кои при горење паѓаат по стрмнините – како и непристапниот терен, што значително го отежнува гаснењето.
Според соопштението од ДЗС, состанокот траел подолго поради разгледување на повеќе стратегии за утринска интервенција. Се планира комбинирана акција со теренски сили, механизација и ангажман на воздухоплови, чија активност ќе се координира од земја во согласност со конкретните дневни услови.
Ова е дел од континуираните напори за справување со активните пожари во источниот дел на земјата.
Македонија
Tри улици од Карпош ќе останат околу шест часа без струја

Без електрична енергија денес ќе останат корисниците од три улици во Карпош.
Во периодот од 08.15 до 13.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците Иван Цанкар – парни броеви, Франц Прешерн – непарни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош ), информира ЦУК по известување добиено од ЕВН.