Македонија
Фазлиу: Реновираниот пат Лакавица-Србиново покажува дека се грижиме за жителите во помалку развиените региони
Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, денеска присуствуваше на официјалното пуштање во употреба на реновираниот регионален пат Лакавица-Србиново и на почетокот на изградбата на новиот пат што води до депонијата „Русино“ во Гостивар, со должина од 2,5 километра.
Како што информираат од ресорното Министерство, со овој значаен инфраструктурен чекор се создадени подобри услови за безбедно движење на сообраќајот за жителите на седум села од тој регион, а со патниот правец што води до регионалната депонија почнува реализацијата на проектот од регионален карактер.
„Министерството за локална самоуправа во континуитет ги поддржува градежните инфратуктурни проекти, а ова го потврдуваме и денеска со пуштањето во употреба на реконстуираниот дел од реновираниот пат. Обезбедивме над 4 милиони денари, со што беше даден чекор за реализација на овој проект. Голема заслуга имаат и луѓето од овој крај, кои помогна во реализацијата на работите. Се надевам дека оваа инвестиција е добредојдена за жителите, уште повеќе кога се знае дека во планинските села се потребни вистински инвестиции што ќе придонесуваат за намалување на миграцијата, која сега стана главна пеокупација за сите нас. Се надевам дека жителите на овој регион новиот асфалтен пат ќе го користат долго и безбедно“, истакна Фазлиу и додаде дека Министерството за локална самоуправа и во иднина ќе продолжи да работи во насока на подобрување на условите за живеење на жителите во селата и помалку развиените региони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лашкоска: Обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот, Андон Сарамандов, се приклучија на акцијата за масовно пошумување и подигање на јавната свест „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“ во рамките на која на месноста Топлик, Гевгелија се засадуваа 6000 дрвни насади.
„Министерството за животна средина ги поддржува активностите за пошумување во државата бидејќи тие се значаен ресурс од повеќе аспекти – заштита на биодивезитетот, подобрување на квалитетот на воздухот, климатските промени, заштита од ерозија и свлечишта и се важен економски ресурс“ изјави Лашкоска на настанот потенцирајќи дека обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво особено во услови кога сме соочени со многу високи летни температури и со сериозно опожарување на шумите на територијата на целата држава.
Таа упати честитки и благодарност до градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и општина Гевгелија за одлично реализираната акција.
Во рамките на посетата на општина Гевгелија, заменик министерката Лашкоска и градоначлникот Сарамадов направија увид во реализацијата на проектот за намалување на загуби на вода со замена и инсталација на водомери заедно со инсталација и конфигурација на опрема со далечинско отчитување. Проектот го имплементира ЈКПД Комуналец Гевгелија, а е финансиски поддржан од страна на МЖСПП со средства во висина од 5 милиони денари.
Македонија
СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Од опозициската партија известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ контра Кузеска: Оваа Влада вложува во модернизација, претходната потроши 5 милиони евра на службени возила
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која што вложува во модернизација, професионализација и осовременување на условите за работа во македонските институции, СДС и ДУИ во своето владеење за службени возила потрошиле повеќе од пет милиони евра, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката од СДСМ, Богданка Кузеска.
„Очигледно на функционерите од СДС изминатите седум години на власт, најважна им била сопствената комоција, а не и реалните проблеми на обичните луѓе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека во буџетот за 2025 година предвидено е зголемување на средствата за модернизација на МВР, одбраната, здравството, земјоделието, односно предвидени се зголемени средства за набавка на опрема во сите институции.
Кузеска претходно денес на прес-конференција обвини дека власта ги одби амандманите за поголеми плати, а ќе троши на мебел и скапи автомобили за функционерите.