Вести
Сиднеј со најраскошниот огномет влезе во 2016-та ВИДЕО
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/sidnej.jpg)
Повеќе од милион ипол луѓе присуствуваа на традиционалниот спектакуларен новогодишен огномет во Сиднеј, оценет како најраскошниот досега, а пред Австралија во новата 2016 година влегоа жителите на јужнопацифичките архипелази Самоа и Кариби, а пота Божикниот остров и Нов Зеланд.
Жителите на јужно пацифичките острови Самоа, Токелау и Кирибати прво во светот влегоа во новата 2016 година во 11 часот по средноевропско време.
Самоа, група острови со 180 илјади жители и Токелау, архипелаг од атоли со 1.400 жители под управа на Нов Зеланд, во пресрет на 2012 година ја сменија страната на датумската граница, од нејзината источна страна преминаа на западната, и наместо во новата година да влегуваат меѓу последните, како дотогаш, сега влегуваат први.
За разлика од нив, жителите на островот Киритимати се навикнати во новата година да влегуваат први. Станува збор за најисточниот дел од пацифичката островска држава Кирибати, група егзотични тропски корални острови коишто во XVIII век ги открил капетанот Џејмс Кук токму на Бадник, па така Киритимати е познат и како Божикниот остров.
Еден час по Самоанците и пет илјади жители на Божикниот остров во 2016 година влегоа и жителите на Нов Зеланд.
Во 2016 година последни ќе влезат жителите на Американска Самоа, цел ден по Самоа, иако их дели само 80 километри.
Околу 25.000 луѓе ги одбројуваа секундите до Новата година во Аокленд, главниот град на Нов Зеланд со ласерски спектакл и огномет.
Во Австралија огнометот во сиднејското пристаниште во 14 часот по средноевропско време околу 1,6 милиони луѓе, а милион го следеа преку телевизија и новите електронски медиуми. Разнобојните огнометни „водопади“ го осветлија мостот Харбур Бриџ со пиротехнички ефекти во форма на пеперутка, октопод и цветови.
Нов Зеланд ја дочека 2016 година еден час по архипелазите Самоа и Кирбати, кои први во светот влегоа во Новата година. Покрај Новозеланѓаните истовремено во новата година влегоа и пет илјади жители на Божикниот остров.
Масовни прослави за дочекот на Новата година со огномети ширум Азија приредуваат и мегалополисите како Хонгконг, Сингапур и Пекинг.
Во Египет, пак, свеченостите ќе бидат организирани пред пирамидите во близина на главниот град Каиро во настојувањето на тамошната влада да го заживее туризмот по тешкиот период на политичка нестабилност и исламистичките терористички напади.
Дубаи, исто така, за Нова година ќе приреди екстравагантен светлосен спектакл со 400.000 LED сијалици кои је засветлат на највисоката градба на светот Бурџ Калифа, а за огнометот ќе бидат искористени 1,6 тони пиротехнички средства./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.