Спорт
МЗТ Скопје го победи Спарс Сарајево и се качи на втората позиција во АБА2 (видео)
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром забележаа нова победа во АБА2 лигата откако предмалку славеа со резултат 71:75 против тимот на Спарс Сарајево.
За избраниците на тренерот Кочов ова е осма победа во единаесеттиот натпревар во регионалното натпреварува…
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром забележаа нова победа во АБА2 лигата откако предмалку славеа со резултат 71:75 против тимот на Спарс Сарајево.
За избраниците на тренерот Кочов ова е осма победа во единаесеттиот натпревар во регионалното натпреварување со што „Аеродромци“ избија на втората позиција на табелата.
Пред тимот на МЗТ на табелата е само тимот на Приморска, кој сезонава не знае за пораз во АБА2.
Најефикасен во победничката екипа денеска беше Џејмс Вудард со 24 поени на кои придодаде 5 скока, 2 асистенции и 4 украдени топки.
Зад него одличен учинок имаше Иванов со 19 поени и Медфорд со 10 поени, од кои клучните три во завршните моменти од мечот.
Кај домашниот тим најдобар беше Абијаниќ со 14 поени и 11 скока.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барди ќе потпише за клубот на Бразилецот Роналдо
Дилема повеќе нема, капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди, се враќа во Шпанија. „АС“, пишува дека Барди ќе ја продолжи кариерата во Ваљадолид, чии сопственик е славниот Бразилец Роналдо.
Енис Барди, пред три дена го раскина договорот со Трабзон, каде што во првиот дел од сезоната одигра само осум натпревари. Во ноември минатата година, Барди и уште тројца играчи, беа отпишани од тренерот Шенол Гунеш.
Откако заврши со Трабзон, Барди реши да се врати во Шпанија каде со голем успех до 2022година играше во Леванте.
Според „АС“, Ваљадолид го победил Еспањол и Леганес во трката за неговиот потпис.
Ваљадолид, синоќа загуби од Еспањол (2:1) и се наоѓа на претпоследното место на табелата со 15 бодови.
Спорт
Кварацхелија се пресели на „Паркот на принцовите“
Заврши сагата, Хвича Кварацкелија е нов играч на Пари Сен Жермен. Наполи заработи 70 милиони евра плус некои бонуси, а Грузиецот потпиша четири и пол годишен договор за 8,5 милиони евра нето по сезона.
Трансферот на Кварацхелија го обележа зимскиот преоден рок. Клубовите преговараа една недела, Наполи се обиде да извлече повеќе пари, но мораше да попушти кога Кварацхелија јасно кажа дека сака да замине од Неапол.
Наполи и тренерот Антонио Конте сега се во потрага по играч кој ќе го замени Грузиецот. Според медиумите Наполи го сака во тимот Алехандро Гарначо. Де Лаурентис понудил 40 милиони евра за Аргентинецот. Оваа понуда ја одбиле од Манчестер јунајтед.
Спорт
Почина легендата на Манчестер јунајтед, Денис Ло
Легендарниот шкотски фудбалер Денис Ло, најпознат по десетгодишниот период во Манчестер јунајтед, почина во петокот на 84-годишна возраст. Веста ја соопшти неговото семејство, а по фантастичниот напаѓач тагуваат во Манчестер, Велика Британија и светот.
Ло ја започна својата кариера во Хадерсфилд, а помина една сезона во Манчестер сити и Торино, пред да го облече дресот на Манчестер јунајтед. За Јунајтед играше во периодот од 1962 до 1973 година, а пред да замине во пензија уште една сезона играше во Сити.
Секој негов трансфер, освен последниот, уриваше британски рекорди во однос на обештетувањето.
Тој играше 55 пати за Шкотска и постигна 30 гола.
Со Јунајтед освои две првенствени титули (1965 и 1967 година), еден ФА Куп и два Суперкупа, како и првата титула европски првак во 1968 година, иако целата сезона ја одигра повреден. и го пропушти финалето.
За Јунајтед одигра 404 натпревари и постигна 237 гола и е единствениот играч кој има две статуи пред „Олд Трафорд“. Ло е трет стрелец во историјата на славниот клуб.
Меѓу бројните индивидуални награди се издвојува Златната топка во 1964 година.