Спорт
Спалети и покрај фијаското во ЛШ тврди: Интер не се во криза
Тренерот на Интер, Лучано Спалети очекува „итна реакција“ на фудбалерите по двојниот удар – поразот во дербито од Јувентус во петокот и елиминацијата од Лигата на шампионите, но инсистира дека „нераѕурите“ не се во криза и покрај тоа што имаат само едн…
Тренерот на Интер, Лучано Спалети очекува „итна реакција“ на фудбалерите по двојниот удар – поразот во дербито од Јувентус во петокот и елиминацијата од Лигата на шампионите, но инсистира дека „нераѕурите“ не се во криза и покрај тоа што имаат само една победа во последните седум меча во сите натпреварувања.
„Клучно е да имаме итна реакција. Морам да кажам дека овие момци ја заслужуваат поддршката од навивачите, кои јасно изразија дека не се задоволни и затоа мораме да почнеме од почеток. Ова е прв чекор, и не знаеме до каде ќе не однесе патот, но мораме да почнеме“, вели Спалети пред мечот со Удинезе.
Минатата зима „бенеамата“ исто така имаа низа од само една победа во 10 меча, но Спалети вели дека ситуацијата сега е поинаква.
„Ако ги погледнете нашите резултати, морате да погледнете и што се случуваше на тие натпревари и како беше дојдено до исходот. Фудбалерите работат на вистинскиот начин, загубивме меч, и сите не боли, но играме добро. Сега сме 14 поени зад Јувентус, но почнавме од 29 поени зад нив на седмото место лани. Нема да исфрлиме ништо од тоа што сме го направиле досега, но мора да покажеме дека работиме“, додава Спалети.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија
Фото/ index.hr
Натпреварот го обележа лошото сидење на Данците хансен и Надсен. Досудија 12 седмерци за „лалињата“, на македонските ракометари им доделија два црвени картони (Павле Атанасијевиќ, Лазаревски), вкупно Македонија 20 минути играше со ракометар помалку.
Одлуките на судиите предизвикаа револт кај македонските навивачи на трибините. На крајот од натпреварот фрлаа разни предмети во теренот поради што преплашените Холанѓани избегаа во соблекувалната.
Холандски „НОС“ пишува дека македонски навивач го плукнал холандскиот селектор Штафан Олсон, а тоа наводно го потврдил и портпаролот на холандската репрезентација.
Легендарниот Швеѓанец Олсон бесно се свреч кон макеоднските навивачи, потоа кратко им аплаудираше на своите играчи и навивачи пред конечно да замине во соблекувалната.
„Драматичен и „тесен“ натпревар. Холанѓаните секогаш беа чекор понапред од Македонците. Заврши во хаос, последните минути завршија со фрлање предмети на теренот. Македонските навивачи ги избркаа Холанѓаните од теренот. “, објави новинарот на „ТВ2“, Сорен Ридц.
„Човеку, почнаа да фрлаат со секакви предмети. Вакво нешто не сум доживеал. Очигледно е така на Балканот. Во еден момент кога требаше да ја фрлам топката, тие го полеаја голот со вода. Апсолутно лудо, ова нема никаква врска со ракометот“, изјави по натпреварот холандскиот голман Матијас Рекс.
Спорт
Барди ќе потпише за клубот на Бразилецот Роналдо
Дилема повеќе нема, капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди, се враќа во Шпанија. „АС“, пишува дека Барди ќе ја продолжи кариерата во Ваљадолид, чии сопственик е славниот Бразилец Роналдо.
Енис Барди, пред три дена го раскина договорот со Трабзон, каде што во првиот дел од сезоната одигра само осум натпревари. Во ноември минатата година, Барди и уште тројца играчи, беа отпишани од тренерот Шенол Гунеш.
Откако заврши со Трабзон, Барди реши да се врати во Шпанија каде со голем успех до 2022година играше во Леванте.
Според „АС“, Ваљадолид го победил Еспањол и Леганес во трката за неговиот потпис.
Ваљадолид, синоќа загуби од Еспањол (2:1) и се наоѓа на претпоследното место на табелата со 15 бодови.
Спорт
Кварацхелија се пресели на „Паркот на принцовите“
Заврши сагата, Хвича Кварацкелија е нов играч на Пари Сен Жермен. Наполи заработи 70 милиони евра плус некои бонуси, а Грузиецот потпиша четири и пол годишен договор за 8,5 милиони евра нето по сезона.
Трансферот на Кварацхелија го обележа зимскиот преоден рок. Клубовите преговараа една недела, Наполи се обиде да извлече повеќе пари, но мораше да попушти кога Кварацхелија јасно кажа дека сака да замине од Неапол.
Наполи и тренерот Антонио Конте сега се во потрага по играч кој ќе го замени Грузиецот. Според медиумите Наполи го сака во тимот Алехандро Гарначо. Де Лаурентис понудил 40 милиони евра за Аргентинецот. Оваа понуда ја одбиле од Манчестер јунајтед.