Спорт
Килде пред фаворитите на тешкиот спуст во Вал Гардена (видео)
Норвежанецот Александер Омод Килде триумфираше на спустот од Светскиот куп во алпско скијање во Вал Гардена, Италија, во трка одбележана со тешкиот пад на Швајцарецотр Марк Гисин.
Килде имаше време од 1:56.13, за 0.86 секунди пред Австриецот Макс Франц…


Норвежанецот Александер Омод Килде триумфираше на спустот од Светскиот куп во алпско скијање во Вал Гардена, Италија, во трка одбележана со тешкиот пад на Швајцарецотр Марк Гисин.
Килде имаше време од 1:56.13, за 0.86 секунди пред Австриецот Макс Франц и за 0.92 секунди подобро од шампионот во дисциплината, Беат Фојц. Сонародникот на Килде, и победник на петочната супер-џи трка, Аксел Лунд Свиндал беше само седми на патеката на која има остварено седум победи.
Светскиот куп продолжува утре со шанса за натпреварувачите во техничките дисциплини во велеслаломот во Алта Бадија, повторно на Италијанските Алпи.
Гисин, пак, кој силно „тресна“ на замрзнатата патека Саслонг при брзина од 120 км/ч, според последните информации е во стабилна состојба и ја поврати свеста.
Kilde magistrale! Il norvegese domina la discesa sulla Saslong… ???#EurosportSCI | https://t.co/yeuDfRYfGo pic.twitter.com/HFqvVTRoFC
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) December 15, 2018
Here are the results for the Men’s Downhill in Gröden. Congratulations to @AleksanderKilde @MaxFranzAUT @BeatFeuz #fisalpine pic.twitter.com/B6jcSHnIMW
— FIS Ski WC Results (@SkiingResults) December 15, 2018
Гисин заврши во болница по страшниот пад на спустот во Вал Гардена (видео)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ПСЖ се спаси од пораз против Стразбур

Фудбалерите Пари Сен Жермен и Стразбур ремизираа 3:3 во дербито на осмото коло од Лига 1.
Луд натпревар беше виден на „Паркот на принцовите“. Домаќинот трган фуриозно, а на крајот мораше да се бори за еден бод.
Сè започна со голот на Баркола во шестата минута, но гостите до полувремето направија пресврт, со головите на Паничели во 26-та и Мореира во 41-та минута.
Паничели дополнително ги загрижи „Светците“ во 49-та минута, а Рамос го врати ПСЖ во игра од пенал во 58-та минута.
Мајулу спаси бод за ПСЖ во 79-та минута.
И на овој натпревар Луис Енрике не можеше да смета на важни играчи – Дембеле, Маркињос, Невеш, Руиз, додека Кварацхеликја, Мендеш и Витиња започнаа од клупата.
ПСЖ го запиша второто последователно реми, и е на чело со 17 бода, еден повеќе од Стразбур.
Спорт
Мареска потврди дека Палмер ќе паузира уште шест недели

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер (23), нема да може да им се придружи на соиграчите уште шест недели поради повреда на препоните, објави тренерот Енцо Мареска.
Палмер не играл од поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед на 20 септември.
Тој го напушти теренот во првото полувреме, а Мареска потоа објави дека ќе го одмори до октомвриската репрезентативна пауза, која сега е завршена.
„Згрешив. За жал, тој ќе биде надвор од терените веројатно шест недели“, рече Мареска, исклучувајќи ја можноста за операција.
„Се обидуваме да го заштитиме Кол колку што е можно повеќе и најважно е тој да биде целосно закрепнат кога ќе се врати“, додаде италијанскиот стручњак.
Челзи, кој моментално е седми на табелата во Премиер лигата, во сабота гостува кај Нотингем Форест, кој е 17-ти на табелата.
Спорт
Флик негира дека претседателот на клубот му се меша во работата

Ханси Флик, на прес конференцијата, пред натпреварот со Џирона, бурно реагираше на прашањето дека претседателот на Барселона барал Ламин Јамал да игра против ПСЖ во Лигата на шампионите.
Шпанските медиуми со денови шпекулираат за наводниот конфликт во врвот на каталонскиот клуб, според кој претседателот Џоан Лапорта наводно му наредил на Ханси Флик да го вклучи Ламин Јамал во почетниот состав за натпреварот против ПСЖ, иако 18-годишникот, според изворите, доцнел на задолжителниот состанок на тимот пред дуелот.
„Би сакал да знам од каде доаѓаат тие глупости. Никој во клубот никогаш не ме замолил да направам нешто слично. Тие ми веруваат целосно. Немам што да кријам, познато е дека во Барселона тренерскиот штаб носи спортски одлуки“, рече Флик.
Тој нагласи дека Ламин Јамал не бил казнет и дека неговото место во почетниот состав против ПСЖ е спортска одлука, а не резултат на каков било притисок од раководството.
Да потсетиме дека шпанските таблоиди претходно објавија дека Флик прво планирал да го казни младиот напаѓач затоа што доцнел и дека му рекол дека нема да биде во првиот состав. Сепак, според овие шпекулации, раководството на клубот наводно инсистирало Јамал да го започне натпреварот.
Инаку, Барселона во второто коло загуби од ПСЖ со 1:2.