Македонија
Бесплатно лизгалиште на плоштадот во Скопје
Вљубениците во зимските спортови ќе можат бесплатно да се рекреираат на лизгалиштето „ЕУ за тебе“ што е поставено на плоштадот „Македонија“ и е дел од новогодишната населба „Винтерленд“. Лизгалиштето за граѓаните го отворија градоначалникот Петре Шилегов и евроамбасадорот Самуел Жбогар. Први на мразот излегоа деца – членови на Федерацијата на лизгачки спортови кои ги покажаа своите вештини.

Голема благодарност до ЕУ што го препознава новиот лик на Скопје. Уште од првиот ден кога го најавив Винтерленд, имавме договор со ЕУ за донација на лизгалиштето и драго ми е што сега заедно им овозможуваме на граѓаните да уживаат во уште едно катче од предновогодишната атмосфера во Скопје. Среќен сум што лизгалиштето на ЕУ во склоп на Винтерленд уште од првиот ден се поддржани и посетени од голем број на наши сограѓани. Уверен сум дека ваквата соработка помеѓу Град Скопје и ЕУ ќе продолжи во иднина и ќе овозможат уште нови и убави моменти за граѓаните – изјави Шилегов.

Годинешната новогодишна програма на Град Скопје и „Винтерленд“ се поддржани од Делегацијата на Европската Унија во нашата земја која го обезбедува лизгалиштето што е поставено на плоштадот „Македонија“ и ги поддржува настапите на средните училишта на Град Скопје кои се дел од забавните содржини во новогодишната населба.

Град Скопје ги поканува граѓаните да дојдат и да уживаат во содржините на новогодишната населба „Винтерленд“, што ја сочинуваат украсени куќички, катчиња за детски игри и занимливости за посетителите од сите возрасти.
Од овој викенд во „Винтерленд“ почна и официјалната новогодишна забавна програма, која во текот на работната недела почнува од 17 или од 18 часот, а во текот на викендите од 11 или од 12 часот. Забавата во „Винтерленд“ трае до 22 часот, а во некој денови и до полноќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

