Контакт

Вести

САД: ККК протестираа поради отстранувањето на знамето на Конфедерацијата

Објавено пред

Неколку стотици припадници на Кју Клукс Кланот протестираа во саботата пред парламентот на американската сојузна држава Јужна Каролина поради отстранувањето на знамето на Конфедерацијата, а нивниот протест беше проследен со исвиркувања и повици со осуда од собирот на нивните противници, пренесува во неделата AFP.

dobivaj vesti na viber

Полицијата во голем број била присутна во Колумбија, главниот град на Јужна Каролина, и покрај спорадичните инциденти, главно вербални и повремено меѓусебно гаѓање со шишиња, немало насилни инциденти, јавуваат локалните медиуми.

Според The New York Times, на двете групи им се приклучувале и случајни минувачи, па во еден момент според процените на полицијата масата броела повеќе од две илјади луѓе, а биле извршени и пет приведувања.

По одржаниот собир пред парламентот, припадниците на ККК под надзор на полицијата биле испратени на паркинг, проследени со негодување на контрадемонстрантите. Претходно пред парламентот одржаа и стотина припадници на групата „Black Educators for Justice“.

На собирот на Кју Клук Клан било истакнато и нацистичко знаме со свастиката (кукастиот крст).

Кон крајот на јуни, гувернерот на јужната американска сојузна држава Алабама, Роберт Бентли, исто така, нареди симнување на конфедерациското знаме, кое се виореше пред зградата на парламентот.

Претходно гувернерката на сојузната држава Јужна Каролина, Ники Халеј, повика да биде отстрането знамето на Конфедерацијата од државните институции, кое е симбол на американскиот Југ од времето на американската граѓанска војна, кое стана контроверзно особено откако го истакнал 21-годишниот убиец на деветте црни верници во методистичката црква во Чарлстон, пред да го изврши злосторството.

Во државата Вирџинија гувернерот најави дека ќе биде забрането ознаката на ова знаме на регистарските таблички на возилата.

Со тринаесетте црвени, бели и сини ѕвезди, ова знаме за нејзините поборници е симбол на наследството на американскиот Југ, додека за нејзините противници е симбол на расизмот и теоријата за надмоќноста на белците.

По убиството, беше покрената петиција и упатено барање со поддршка на бројни приврзаници и на американскиот претседател Барак Обама, тоа знаме да се отстрани од државните институции и од официјалната употреба. Многу американски компании најавија дека ќе престанат да ги продаваат своите производи кои ја носат ознаката на ова знаме, по масакрот во Чарлстон.

Здружението Синовите на ветераните на Конфедерацијата, пак, најави дека ќе се бори против обидите за отстранување на спорното знаме. Тие соопштија дека тоа знаме го симболизира нивното наследство и историјата, а не омразата, и упатија изразија сочувство до Методистичката епископална црква во којашто се случи нападот.

Знамето на Конфедерацијата е воено знаме на јужните американски држави од периодот на американската граѓанска војна, во коишто бил застапуван ставот да се задржи ропството./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа се зголемил тројно од март

Само во градот Газа, речиси една третина од децата се неухранети, напиша Филип Лазарини, раководител на Агенцијата на ОН за...

Свет23 минути

Анализа: Путин дури и не сака да го изговори името на Зеленски; „Ќе се сретне со него под еден услов“

Презирот на претседателот Владимир Путин кон својот украински колега е толку длабок што речиси никогаш не го кажува неговот име....

Македонија13 часа

32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член...

Македонија15 часа

(Видео) Специјалци од единиците „Волци“ и „Тигри“ направија пресека за да не се пренесе пожарот од Јасен

Пресеката, поточно правење бришан простор за да не се пренесе пожарот преку срт, целосно ја завршија припадниците на Специјалната антитерористичка...

Македонија15 часа

СДСМ Прилеп: Коруптивните бизнис зделки на функционерите на ДПМНЕ ги оставија прилепчани без полагања за возачка дозвола

„Поради нерегуларности во работењето, МВР го затвори Испитниот центар „Супер возач“, со што жителите на Прилеп и другите општини од...

Македонија17 часа

Итни и вонредни надзори во приватните болници по информациите дека се правеле непотребни операции за профит

Министерството за здравство најави итни и вонредни надзори во приватните болници по информациите што излегоа во јавноста дека се правеле...

Македонија18 часа

Мицкоски: Треба да се истражи како минатите арбитражни постапки се губеле и се одлевале огромни суми од државниот буџет

Ова е втора арбитража што оваа Влада ја добива и очекуваме барем уште две во периодот што следува, вели претседателот...

Македонија19 часа

За да нема одење на партиски митинзи со службени возила, Владата апелира сите институции што не го почитуваа рокот 18 август да поднесат пријави

Непослушните државни институции, кои до 18 август не ги пријавија службените возила, денес од Владата добија уште еден апел да...

Македонија19 часа

(Видео) Митева: Од 8 активни меѓународни арбитражи, оваа Влада успешно заврши 3 во полза на Македонија

Од осум активни меѓународни арбитражи оваа Влада успешно заврши три во полза на Македонија, соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева....

Македонија20 часа

Царинaта спречи опасен шверц на илјадници лекови, против лице од Косово поднесена кривична пријава

Царинските службеници на граничниот премин Богородица открија и спречија обид за криумчарење на 4.577 парчиња небезбедни лекови, скриени во багажниот...

Свет21 час

Трамп: Не грижете се, нема да има трета светска војна

Планетата повеќе не се движи кон трета светска војна, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за новинарот Марк Левин....

Македонија21 час

Судир за српскиот капитал: „Влен“ и ДУИ меѓусебно се обвинуваат

ВЛЕН и ДУИ, двете водечки политички субјекти од албанскиот блок во Македонија, се препукуваат поради наводно продирање на српски капитал...

Македонија22 часа

Од шумскиот пат кон езерото се води жестока битка за да се спречи ширењето на пожарот кај Јасен

Пожарот кај Јасен и натаму се заканува, откако во текот на ноќта започнал да се шири од шумскиот пат пред...

Македонија23 часа

Антикорупциската брои службени возила пред изборите – институциите не ги пријавиле сите во рокот

Во регистарот на возилата на државните органи, органите на локалната самоуправа, јавните претпријатија и други правни лица со државен капитал...

Свет23 часа

Лавров: Ни Крим ни Донбас никогаш не бил наша цел

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, тврди дека Русија никогаш немала намера да ги заземе украинските територии, туку, единствено,...

Свет24 часа

Што би значел пакт сличен на член 5 за Украина?

Безбедносните гаранции за Киев се клучно прашање во напорите да се прекинат борбите во текот на тековната руска инвазија врз...

Свет1 ден

Шефот на дипломатијата на Трамп ќе ја води работната група за безбедносни гаранции за Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе ја води работната група која ќе изработи предлог за безбедносни гаранции за Украина, потврди...

Свет2 дена

Каја Калас: На Путин не може да му се верува

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ја таргетира воената економија на Русија и...

Македонија2 дена

Поради пожарот кај Јасен, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет2 дена

Швајцарија му нуди имунитет на Путин ако дојде на мировна конференција

Швајцарија ќе му понуди имунитет на рускиот претседател Владимир Путин, и покрај неговото обвинение во Меѓународниот кривичен суд, под услов...