Спорт
Австрија го декласира најголемиот ривал Рапид (Видео)
Фудбалерите на Австрија од Виена забележаа историска победа над градскиот ривал Рапид од 6:1, во домашното првенство.
Со победата во 328. дерби на Виена, Австрија се зацврсти на петтата позиција на табелата, додека Рапид нема да влезе меѓу најдобрите ш…
Фудбалерите на Австрија од Виена забележаа историска победа над градскиот ривал Рапид од 6:1, во домашното првенство.
Со победата во 328. дерби на Виена, Австрија се зацврсти на петтата позиција на табелата, додека Рапид нема да влезе меѓу најдобрите шест тима.
Еден час игра им беше доволен на играчите на Австрија за да го декласираат големиот ривал. До 30.минута немаше голови, а двата тима имаа подеднакви шанси за постигнување на гол.
Австрија потоа го отвори резултатот, Радип веднаш израмни, а катастрофата на на гостите започна кога црвен картон доби Дејан Љубичиќ во 33.минута.
До крајот на полувремето фудбалерите на Австрија постигнаа три гола и на одмор заминаа со голема предност 4:1. Во вториот дел со уште два гола Австрија ја запечати најголемата победа во дуелите со градскиот ривал.
Пред почетокот на дербито навивачите на Рапид предизвикаа привремен прекин на сообраќајот на авто-патот А23. Тие фрлале лименки, снег и пиротехника на најпрометната сообраќајница во Австрија.
На овие навивачи, кои биле нешто повеќе од сто, полицијата не им дозволила да влезат на стадионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јувентус за пет минути го реши Милан
Фудбалерите на Јувентус славеа против Милан во дербито од 21. коло на Серија А со 2:0 Головите за старата дама ги постигнаа Ембангула во 59. минута и Тимоти Веа во 64. минута.
Ова е втор триумф на Јувентус во последните девет натпревари. Во оваа серија Јувентус седум пати одигра нерешено.
По оваа победа Јувентус го прескокна Лацио и сега е на четвртото место на табелата со 37 бодови, додека Милан и покрај поразот остана на осмото место со 31 бод.
Јувентус и Милан по овој натпревар ги очекуваат предизвици во Лигата на шампионите. Црно-белите ќе играат против Клуб Бриж на гости, додека Милан на домашен терен го очекува дуел против Џирона.
Спорт
Салах доби понуда од 200 милиони евра по сезона
Ал Хилал, актуалниот шампион на Саудиска Арабија има план како да го замени Нејмар на крајот од сезоната, во случај Бразилецот да го напушти клубот. Целта им е да доведат врвен играч, а првите две имиња на листата се Мохамед Салах од Ливерпул и Родриго од Реал Мадрид.
Примарна цел на Ал Хилал е Салах, кој извесно е дека ќе го напушти Ливерпул како слободен играч. Клубот е подготвен да му понуди годишна плата од 200 милиони евра, колку што заработува Кристијано Роналдо во Ал Наср.
Нејмар пристигна во Ал Хилал во летото 2023 година, но одигра само седум натпревари за саудискиот клуб. Тој постигна еден гол со три асистенции.
Спорт
Саудијците подготвиле четири милијарди евра за ѕвездите на Реал Мадрид
Саудиска Арабија сака да стане водечка светска сила во фудбалот, поради што нема да штеди пари на трансфери на големи фудбалски ѕвезди, главна цел во моментов се двајца играчи на Реал Мадрид, пишува „АС“.
„Со новиот договор потпишан од „Surj Sports“ и „Enfield Investment“, ќе им се овозможат нови операции на Саудијците. Северноамериканскиот фонд има четири милијарди евра наменети за инвестиции во спортски имоти. Моќта и амбициите на Саудиска Арабија сугерираат нешто големо“, пишува шпанскиот медиум.
Понатаму се известува дека амбициозните Саудијци сакаат да ги доведат Винисиус Жуниор и Џуд Белингам од Реал Мадрид. Не е наведено во кои клубови би се приклучиле ѕвездите на „кралскиот клуб“, но тоа навистина не им е важно, бидејќи секој клуб е во сосптвеност на државата, а создавањето силна лига е нивен национален проект.
Подготвуваат големи инвестиции, а се со цел да се засили националниот шампионат до Светското првенство во 2034 година на кое се домаќини.