Црна хроника
Кривична за двајца тетовци, украле разновидна музичка опрема вредна 30 000 денари

Секторот за внатрешни работи во Тетово поднесе кривична пријава против 22-годишниот М.А. и 27-годишниот Е.А., двајцата од Тетово.
Кривичната пријава е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „фалсификување на исправа“, велат од МВР.
Во месец октомври годинава во Тетово, на улицата Љубо Божиноски Пиш, во објект-магацин пријавените извршиле тешка кражба, на начин што додека второпријавениот чувал стража, првопријавениот со употреба на погоден предмет скршил прозорeц, влегол внатре, од каде одзел разновидна музичка опрема, во вредност од 30 000 денари, која ја сокрил во нива што се наоѓала непосредна близина, велат од полицијата.
Од МВР додаваат дека истиот тој ден, првопријавениот со возило „југо“ на кое имал поставено регистарски таблички од друго возило, дошол на наведената локација каде што претходно ги сокрил украдените предмети, по што бил приведен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.