Свет
Ослободена девојка обвинета за обид за убиство на своето бебе
Девојка од Ел Салвадор, која беше обвинета дека се обидела да го убие своето бебе, во понеделникот беше ослободена од сите обвиненија.
Дваесетгодишната Имелда Кортез била силувана од својот очув по што забременила и се обидела да го абортира бебето. Таа го родила своето дете во април минатата година и бргу потоа била уапсена под обвинение дека се обидела да го убие.
Кортез се соочуваше со 20 години затвор бидејќи абортусот е забранет во Ел Салвадор. Обвинителството побара обвиненијата против неа да бидат променети во обид за напуштање и беспомошност, кои подлежат на казна затвор од една до три години.
Одбраната се согласи на таквата помала казна, но судијата одлучи целосно да ја ослободи Кортез од сите обвиненија.
Според судијата, таа била жртва на сексуална злоупотреба, што ги објаснува нејзините постапки.
Во Ел Салвадор абортусот се казнува со затворска казна до 50 години. Меѓу 2000 и 2011 година околу 130 жени биле осудени според строгите закони против абортус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Даночната управа во БиХ објави изненадувачки податоци за бојкотот: прометот поголем од вообичаеното
Бојкотот на продавниците организиран на последниот ден од јануари во Босна и Херцеговина во знак на протест против високите цени, според податоците на Даночната управа, не ги даде очекуваните резултати, а организаторите на акцијата најавуваат нови подолгорочни мерки.
Официјалните статистички податоци покажуваат дека прометот во продавниците на 31 јануари бил еднаков или дури поголем од претходните денови. Според податоците на Даночната управа на Босна и Херцеговина, продавниците оствариле промет од 52,1 милиона евра, што е уште повеќе од претходниот ден кога изнесувал 51,9 милион, а значително повеќе од пред една недела кога прометот бил 47,2 милиони евра.
И покрај неочекуваната статистика, организаторите на бојкотот не се откажуваат и најавуваат нови подолгорочни акции, кои имаат цел да ги притиснат трговските синџири да ги намалат цените и да обезбедат пофер услови за потрошувачите. Планиран е повеќедневен бојкот, како и промовирање алтернативни форми на купување производи директно од производителите и локалните трговци на мало. Така, за работните денови од понеделник до петок, 6 февруари, организаторите ги повикаа граѓаните да ги намалат набавките, а в петок, 7 февруари, и в сабота, 8 февруари, повикуваат на тотален бојкот на продавниците.
Свет
Регрутерот на Путин убиен во обид за атентат во центарот на Москва: почина во болница од сериозни повреди
Армен Саркисијан, висок припадник на проруските паравоени сили од источна Украина, почина во болница од повреди добиени во експлозија на бомба во станбен комплекс во Москва, објави рускиот весник „Комерсант“.
Бомба експлодира во фоајето на луксузен станбен блок во Москва, при што загина еден телохранител, а тројца се повредени, објавија руските државни медиуми повикувајќи се на службите за итни случаи.
Бомбата експлодирала токму кога паравоениот водач и телохранителите влегле во фоајето на комплексот „Скарлет едра“ на брегот на реката Москва, на само 12 километри од Кремљ, јавуваат руските медиуми.
Државната новинска агенција ТАСС ја цитира полицијата, која експлозијата ја нарече атентат.
Во декември Украина ја презеде одговорноста за убиството на рускиот генерал Игор Кирилов во експлозија на бомба пред станбена зграда во Москва.
Сè уште нема коментари од Украина.
Свет
Макрон: Европа мора да се погрижи другите да ја почитуваат доколку се загрозени нејзините економски интереси
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа ќе мора да се погрижи другите да ја почитуваат доколку се загрозени нејзините економски интереси. Тој реагира на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги зголеми царините за увезените стоки од ЕУ, пренесоа француските медиуми.
„Доколку нашите трговски интереси бидат нападнати, како сила што има свои сопствени сили, Европа ќе мора да се погрижи другите да ја почитуваат и затоа да реагира“, рече тој по пристигнувањето на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ во Брисел посветен на одбраната“, пренесува францускиот портал „20 Minutes“.
Макрон додаде дека неодамнешните изјави од САД ја охрабруваат Европа да биде посилна и пообединета, според „Ројтерс“.
„Како што Ковид-19 и руската агресија во Украина беа повик за будење за Европа, она што се случува, со одлуките и изјавите на новата администрација на претседателот Доналд Трамп, ја охрабрува ЕУ да биде пообединета и поактивна во одговорот на колективните безбедносни прашања“, заклучи тој, пренесува „Танјуг“.