Вести
Џихадистите егзекутирале 24 Ирачани југозападно од Киркук

Припадниците на радикалната сунитска организација Исламска држава погубила уште 24 ирачки цивили, претежно шиити, во северозападната покраина Киркук, пренесуваат во понеделникот локалните медиуми повикувајќи се на очевидци.
Локален извор кој сакал да остане анонимен, за ирачката сателитска телевизија al-Sumaria изјавил дека припадниците на Исламската држава своите жртви ги погубиле пред голем број очевидци случајни минувачи во областа Заб, 95 километри западно од Киркурк, главниот град на истоимената покраина.
Џихадистите претходно грабнале повеќе десетици заложници, меѓу кои и членови на општинскиот совет на областа.
Ова злосторство кое ѝ се припишува повторно на Исламската држава, доаѓа три дена откако екстремистите нападнаа училишта во ал-Кајара, ал-Шура, Бадуш и ал-Бааџ, населби во близина на градот Мосул, околу 400 километри северно од ирачката престолнина Багдад и киднапираа околу 120 деца.
Кон средината на минатата седмица, пратеникот од покраината Анбар, Адел Камис ал-Малави на прес-конференција во Багдад објави дека изминатите неколку дена џихадистите од Исламската држава обезглавиле околу 300 луѓе, од кои најголем број припадници на номадските племиња од областите зафатени со насилствата.
„Исламската држава ја продолжува низата злосторства против ирачкиот народ, особено против припадниците на племенските заедници во Анбар“, рече ал-Малави, прецизирајќи дека жртвите им припаѓале на четири локални племенски заедници чии припадници се претежно шиитски муслимани.
На 11-ти април, џихадистите егзекутираа повеќе до 30 луѓе, меѓу кои и жени и деца, во западниот дел од покраината Анбар, обвинувајќи ги дека соработуваат со ирачките безбедносни сили и шиитските милиции кои ја поддржуваат владата во Багдад./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.