Македонија
Пратениците одлучија дека има потреба од закон за амнестија
Пратениците дадоа зелено светло за расправа по предлог-законот за амнестија. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го стави предлог-решението на дневен ред, кое ќе се носи по скратена постапка.
Спикерот Џафери даде пауза од половина час, по што ќе продолжи расправата за предлог-законот.
За да биде ставен на дневен ред предлог-законот за амнестија гласаа 96 пратеници, тројца беа против.
Текстот на предлог-законот за амнестија, кој го подготви интерпартиското тело за помирување, е поставен на веб-страницата на Собранието и им беше поделен на пратениците.
Тексот го изготви и поднесе група пратеници кои беа дел од собраниската подгрупа за помирување, предводена од пратеникот Зекир Рамчиловиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски: ДУИ оди во опозиција, бојкотот не им успеа, цензусот е исполнет
Повикот на ДУИ за бојкот не успеа, а денот ги извади на виделина игрите на власта. ДУИ посакува криза и преку бојкот сакаше да се факторизира. ДУИ изгуби, бојкотот не им е успешен, извесно е дека одат во опозиција, изјави Тимчо Муцунски, на првата прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по гласањето на парламентарните и вториот круг од претседателските избори.
„Пропадна сценариото да се создаде криза во државата, се радуваме што е постигнат цензусот, извесно е дека Давкова е новиот претседател. Очекуваме уште подобар резултат од првриот круг, и уште вечерва да биде јасна сликата како ќе изгледа идната Влада на Република Македонија. Очекуваме да имаме резултат што ќе го отслика опозициското расположение во државата“, рече Муцунски додавајќи дека ДУИ е дел од криминална власт што станува минато.
Како што рече, народот излегол за да си ја врати Македонија, односно контролата врз системот бидејќи државата наместо на елитите треба да му припаѓа на народот.
ВМРО-ДПМНЕ оцени дека дека изборниот ден генерално поминал мирно, со поединечни нерегуларности. Муцунски објави дека неколку функционери биле фатени во илегални активности со поткуп и ги повика интитуциите да истражат и да го испитаат потеклото на парите.
Македонија
(Видео) Кузеска за скриениот бојкот во некои општини: Како настапи секоја партија на изборите, треба да одговори пред себе и пред граѓаните
Денеска имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја членка на НАТО со почнати преговори за Европската унија. Констатирани се одредени неправилности, но сметаме дека се тие со незначителни во овој изборен процес, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Правото на глас и слободното одлучување се најзначајни придобивки во демократијата, додаде Кузеска.
Таа упати благодарност до граѓаните кои денеска гласаа, а изборите ги оцени како слободни, мирни, демократски и достоинствени.
Кузеска кажа дека граѓанската волја ќе одлучи по кој колосек ќе се движи Македонија понатаму.
Прашана како го коментира скриениот бојкот во општините каде што има доминантно албанско население, портпаролката на СДСМ кажа дека како настапила секоја партија на овие избори треба да одговори пред граѓаните и пред себе.
„СДСМ од самиот почеток повикуваа на масовност, граѓаните да го искористат својот глас. СДСМ никогаш не бил кочничар на било кои процеси кои ја носат државата напред“, рече Кузеска.
Македонија
(Видео) Џафери: Граѓаните ќе одлучат која политичка опција е најдобра за нив и за државата
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го оствари своето гласачко право во родното Форино и гласаше на вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори.
Премиерот Џафери, во изјава за медиумите посака мирен и фер изборен ден, во кој граѓаните ќе можат со својот глас да одлучат кој ќе ги носи одлуките што се суштествени за земјата и кои се за остварување на нашите стратегиски цели.
„Очекувам изборите да бидат слободни и демократски. Граѓаните можат слободно да ја изразат својата волја, впрочем, тоа го покажаа и на 24 април.
Очекувам денот да заврши исто како и на 24 април, односно мирно, со можност секој граѓанин да го искористи своето уставно право и да го направи изборот за кој што мисли дека е најдобар за него и за државата.“, изјави претседателот на Владата, Џафери.