Македонија
Џафери се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливан
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се сретна со Џон Ј. Саливан, заменик-државен секретар на САД.
На средбата претседателот Џафери изрази благодарност до САД како стратешки партнер на нашата земја, за континуираната поддршка што ја дава не само на Република Македонија туку и на целиот регион. Тој го запозна високиот гостин со тековните активности во законодавниот дом во однос на усвојувањето на уставните предлог-амандмани, како фаза од имплементирањето на преспанскиот договор, со очекување дека процесот ќе се заокружи до крајот на првата половина на месец јануари 2019 година. Понатаму, Џафери зборуваше за чекорите што ги презеде Владата на Република Македонија за подобрување на добрососедските односи, потврдувајќи дека Договорот за пријателство, соработка и добрососедство со Република Бугарија веќе дава позитивни резултати.
Џафери истакна дека Собранието е активно вклучено во донесувањето на реформскиот пакет-закони во областа на судството, безбедноста и јавната администрација, за кои веќе има хармонизирани ставови меѓу мнозинството и опозицијата и за кои се очекува по расправата во Собранието на Република Македонија, во текот на месец февруари идната година да влезат во сила.
Заменик-државниот секретар Саливан истакна дека му е мило што е во посета на Република Македонија во овој историски момент за земјата, кога е во завршна фаза имплементирањето на преспанскиот договор и нагласи дека целта на неговата посета токму во овој историски момент за земјата е да ја пренесе поддршката на САД за овој договор и да потврди колкаво е значењето на напорите што Република Македонија ги прави денес на овој план.
На прашањето на Саливан во однос на разгледувањето на можностите за зголемување на поддршката за уставните измени, претседателот на Собранието рече дека во рамките на законодавниот дом на Република Македонија се водат разговори за зголемување на поддршката од поголем број пратеници за уставните измени. Тој изрази надеж дека што поголем број пратеници, без разлика на нивната партиска припадност, ќе го подржат договорот, имајќи го предвид историскиот момент пред кој се наоѓа државата и позитивните ефекти од членството во НАТО на политички, безбедносен, но и економски план.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.
Македонија
Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари
Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата за пожарот во Кочани се одлага по барање на една од адвокатките која е избрана за нов член на Судскиот совет.
„Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката ‘Пулс’ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска“, соопшти Судот.
Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, Јошевска Анастасовска е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26.01.2026 година во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово.
Од Судот информираат дека заради економичност во постапувањето, странките се веќе известени за отповиканата расправа.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.

