Спорт
Солскјер е кандидат за в.д. тренер на Манчестер Јунајтед
Поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е кандидат за привремен, в.д. тренер во клубот од „Олд Трафорд“.
Како што пренесуваат медиумите од Островот, Солскјер кој моментно е тренер на екипата на Молде во Шведска, е еден од кандида…
Поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е кандидат за привремен, в.д. тренер во клубот од „Олд Трафорд“.
Како што пренесуваат медиумите од Островот, Солскјер кој моментно е тренер на екипата на Молде во Шведска, е еден од кандидатите за испразнетото тренерско столче по отказот за Мурињо.
Норвежанецот е миленик на навивачите на Јунајтед, а остана запаметен по победоносниот гол во финалето на Лигата на шампиони во 1999 година против Баерн Минхен кога во Барселона „црвените ѓаволи“ трiумфираа со 2:1.
Оле Гунар Солскјер одигра 235 меча во Премиер лигата во дресот на Јунајтед и постигна 91 гол. Од Манчестер веруваат дека во следните 48 часа ќе биде пронајден в.д. тренер на клубот. Освен Солскјер, за наследник на Мурињо се шпекулира и со имињата на Лоран Блан, Рајан Гигс и Дејвид Мојс.
Се додека не се најде решение за ситуацијата, тренинзите ќе ги води помошникот на Мурињо, Мајкл Керик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Салах доби понуда од 200 милиони евра по сезона
Ал Хилал, актуалниот шампион на Саудиска Арабија има план како да го замени Нејмар на крајот од сезоната, во случај Бразилецот да го напушти клубот. Целта им е да доведат врвен играч, а првите две имиња на листата се Мохамед Салах од Ливерпул и Родриго од Реал Мадрид.
Примарна цел на Ал Хилал е Салах, кој извесно е дека ќе го напушти Ливерпул како слободен играч. Клубот е подготвен да му понуди годишна плата од 200 милиони евра, колку што заработува Кристијано Роналдо во Ал Наср.
Нејмар пристигна во Ал Хилал во летото 2023 година, но одигра само седум натпревари за саудискиот клуб. Тој постигна еден гол со три асистенции.
Спорт
Саудијците подготвиле четири милијарди евра за ѕвездите на Реал Мадрид
Саудиска Арабија сака да стане водечка светска сила во фудбалот, поради што нема да штеди пари на трансфери на големи фудбалски ѕвезди, главна цел во моментов се двајца играчи на Реал Мадрид, пишува „АС“.
„Со новиот договор потпишан од „Surj Sports“ и „Enfield Investment“, ќе им се овозможат нови операции на Саудијците. Северноамериканскиот фонд има четири милијарди евра наменети за инвестиции во спортски имоти. Моќта и амбициите на Саудиска Арабија сугерираат нешто големо“, пишува шпанскиот медиум.
Понатаму се известува дека амбициозните Саудијци сакаат да ги доведат Винисиус Жуниор и Џуд Белингам од Реал Мадрид. Не е наведено во кои клубови би се приклучиле ѕвездите на „кралскиот клуб“, но тоа навистина не им е важно, бидејќи секој клуб е во сосптвеност на државата, а создавањето силна лига е нивен национален проект.
Подготвуваат големи инвестиции, а се со цел да се засили националниот шампионат до Светското првенство во 2034 година на кое се домаќини.
Спорт
(Видео) Леганес го шокира Атлетико, лидерот падна на „Бутарке“
Победничката серија на Атлетико Мадрид заврши на стадионот „Бутарке“ во предградието на Мадрид. Поранешните српски репрезентативци Марко Дмитровиќ и Матија Настасиќ, со „помош“ на Антоан Гризман ја режираа победата на Леганес.
Втора пат сезонава Леганес успеа да го победи водечкиот тим во Примера. Откако ја победија Барселона на „Монжуик“, вечерва славеа и над Атлетико.
Дмтирвовиќ блескаше на голто на Леганес. Во првиот дел ги одбрани ударите на Алварез и Гризман. Атлетико три пати ја погоди рамката од голот, гредата ја погодија Алварез и Галагер, а стативата Гризман.
Единствениот гол го постигна Настасиќ, по корнерот на Раба, Ленгле лошо го процени летот на топката, а дефанзивецот погоди со глава.
🚨🇪🇸 GOAL | Leganes 1-0 Atlético Madrid | Nastasic
ATLETICO MADRID HAVE GONE BEHIND!pic.twitter.com/4OadJVvoqM
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) January 18, 2025
Во 90.минута Атлетико доби пенал, одговорноста ја презеде Гризман кој го промаши голот. Во последните секунди, Дмитровиќ го спаси својот гол по ударот на Кореа.
Ова е прв пораз за Атлетико по 27.октомври и серијата од 15 победи во сите натпреварувања.