Контакт

Македонија

Потврдена поддршката на САД за членство на Македонија во НАТО

Објавено пред

Kоординаторите на пратеничките групи на Собранието и претставници на партиите се сретнаа со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Џон Ј.Саливан.

dobivaj vesti na viber

Саливан, како цел на својата посета ја наведе одново потврдената поддршка на САД за членство на Република Македонија во НАТО, цел која има поддршка од јавноста. Чекор кон овој процес е преспанскиот договор, како многу значаен историски момент, за кој се разговараше, преговараше и дебатираше и тука и во целиот свет.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, истакна дека безбедноста и стабилноста е благодарение на САД кои го гарантираат ова на глобален план.

„Околу уставните измени, партијата е конзистентна и силно посветена на влез во НАТО и ЕУ, како институции кои ги обезбедуваат мирот, безбедноста и економскиот просперитет. Потребна е работа на четирите принципи од планот 18 доставен од Владата и се надеваме дека ќе бидеме вклучени и во другите планови“, рече Мицевски.

Координаторот на СДСМ, Томислав Тунтев, ги истакна вложените напори за инклузивни реформски процеси затоа што само со заеднички сили може да се дојде до одржливи решенија.

„Да станеме 30-та полноправна членка на НАТО, не само заради безбедноста и сигурноста туку и заради квалитетот на живот на сите граѓани“ – заклучи Тунтев.

Од своја страна, координаторот на ДУИ, Ејуп Алими, истакна дека преспанскиот договор е договор кој го отвора патот на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но побара конкретна поддршка поради загриженост од напорите на Русија да не се спроведе овој договор.

Елизабета Канческа-Милевска, како координатор на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, истакна дека гласале за промена на Уставот затоа што сметале дека треба да се даде инклузивност во овој процес и поднеле конструктивни амандмани, кои биле прифатени во првата фаза.

Во продолжение, координаторот на Беса, Африм Гаши, изрази благодарност за целосната посветеност за постигнување компромис со Грција, кој беше болен, но без помош од САД ќе беше невозможен. Поради општата состојба на Балканот, за Република Македонија е од големо значење влегувањето под чадорот на НАТО, рече Гаши.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, даде поддршка на членството во НАТО како правичен процес. Притоа, тој побара за албанскиот јазик во Уставот да не се употребува јазикот што го зборуваат над 20%, затоа што тие не се ниту процент, ниту број. Во контекст на последните тенденции за амнестија за случајот од 27 април, Села заклучи дека патот кон ЕУ и НАТО не е компромис со криминалот.

САД го имаат спасено регионот од работ на бездната. Балканот во ЕУ и НАТО ќе го отргне синдромот на балканизам. Да ја изградиме оваа земја од почеток, со владеење на правото, независно судство и посветеност на меѓуетничките односи, рече во своето обраќање пратеничката Мерал Узеири-Ферати, како претставник на ДПА.

Своја поддршка кон преспанскиот договор даде и претставникот на Беса, Фадил Зендели, со цел да се надминат бариерите и да се отвори евроинтегративниот процес. Во дебатата за уставните измени тие учествувале со свои барања во врска со Албанците во функција на општество за сите.

Заменик-државниот секретар Саливан истакна дека пратениците имаат моќ и одговорност за носење сериозни политички одлуки од кои зависи иднината на нивната земја.

Македонија

Tigo.mk ја започна својата најголема наградна игра досега: Нов Chery TIGGO 4 PRO, патување од соништата и парични награди

Објавено пред

Со кампањата „За сè што е важно“, Тиго повторно покажува дека е лидер во доверба, иновација и грижа за клиентите, потврдувајќи дека клиентите не се само бројки, туку инспирација. Со оваа наградна игра, компанијата покажува дека секој избор е важен, и дека Tigo.mk секогаш е тука за да го поддржи секој следен чекор на своите клиенти.

dobivaj vesti na viber

Tigo.mk ја започна својата најголема наградна игра досега – проект што ја спојува маркетинг кампањата „За сè што е важно“ со можноста клиентите да освојат навистина вредни награди. Наградната игра е замислена како благодарност за довербата што илјадници клиенти ја укажуваат на Tigo.mk, но и како поттик да се направи следниот чекор – со сигурност и вистинска поддршка. Иако на самите почетоци, наградната игра веќе предизвикува одличен интерес кај граѓаните, за што сведочат и бројните посети во Tigo.mk филијалите и повиците во контакт центарот 13 700.

Имено, секој нов или повторен клиент кој ќе аплицира за кредит во износ над 10.000 ден. во периодот од 1 октомври 2025г. до 29 јануари 2026 г. автоматски учествува во извлекувањето и станува потенцијален добитник на некоја од вредните награди:

· 8 парични награди, во поединечна вредност од 10.000 денари,

· 1 ваучер за патување во вредност од 2.000 евра

· и главната награда – нов автомобил Chery TIGGO 4 PRO Comfort.

Шансите за добивка се зголемуваат со зголемувањето на износот на кредитот, односно, секој нареден износ од 10.000 ден. над првите 10.000 ден. од кредитот претставуваат дополнителна шанса за добивка. На пример, за кредит од 200.000 денари, клиентот учествува 20 пати во извлекувањето на награда.

Извлекувањето на наградите ќе се одвива со следната динамика

· 15 ноември 2025 г. – кога ќе бидат извлечени 8-те добитници на парични награди

· 15 декември 2025 г. – кога ќе биде извлечен добитникот на ваучер за патување по избор на клиентот, во износ од 2.000 евра

· 30 јануари 2026 г. – големото финале и извлекување на автомобилот Chery TIGGO 4 PRO Comfort

Кампањата „За сè што е важно“ ја зајакнува блискоста со клиентите и носи конзистентен визуелен идентитет и препознатлива порака. Реакциите на клиентите покажуваат дека Tigo.mk останува бренд што го гради својот успех на доверба, транспарентност и вистинска грижа за секој клиент.

За сè што е важно. Tigo.mk – секогаш со тебе. Повеќе информации за наградната игра и правилата се достапни на следниот линк>>>. Повеќе информации за Tigo.mk се достапни на веб страницата www.tigo.mk, во било која Tigo.mk филијала или на телефонскиот број 13 700.

ПР

Прикажи повеќе...

Македонија

Ви-фи зони во Чаршијата, обнова на дуќаните со буџетски средства и школи за занаети, вети Шукова

Објавено пред

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова на Скопје ќе му ја враќа Чаршија со низа проекти. Ви – фи зони, обнова на дуќаните и отворање школи за занаети и мајсторски работилници се дел од ветувањата.

dobivaj vesti na viber

„Старата скопска чаршија е душата на Скопје. Денес Чаршијата е задушена од нечистотија, административен хаос и институционална негрижа, но таму каде што другите гледаат проблем, јас гледам можност. Нашиот план е јасен, визијата е конкретна – да ја вратиме Чарпијата на скопјани. Имаме решение за Чаршијата – секојдневно чистење,  нова урбана опрема, јавно осветлување и ви-фи зони со почит кон автентичниот изглед. Имаме во план поддршка за дуќанџиите и занаетчиите со буџетски средства за реконструкција на дуќани со правна и финансиска помош, со отворени школи за занаетчии и мајсторски работилници. Нашата цел е Чаршијата конечно да добие еден центар за управување под целосна надлежност на Град Скопје без лавиринти меѓу институции туку ефикасна, брз и транспарентна администрација за сите што живеат и работат таму“, рече Шукова.

За културата и уметноста таа најави посебни проекти.

„Културата ќе добие вистински дом. Реновирање на Сули Ан, поддршка за студентите по ликовна уметност, отворање на арт – атељеа и културни програми. Уметноста не смее да живее во распаднати ѕидови. Исто така имаме план за развивање дигитална платформа за туристи и јазични обележја, подобрена пешачка структура и европски културни рути затоа што Чаршијата мора да привлекува туристи, да живее и да расте“, вели Шукова.

Сите проекти што ги наброја кандидатката за градоначалничка на Скопје вели дека не се само уште едно ветување туку визија што ја враќа Чаршијата како живо срце на Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Објавено пред

Најавуваме целосна дигитализација на Општината за искоренување на корупцијата. Најскапиот документ не е оној што се плаќа, туку оној што се чека. Оној за кој не знаеш дали воопшто ќе го добиеш, велинСотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Во 2025 година, граѓанинот, додава тој, не смее да стои во ред само за печат.

„Да бара врски, во шалтери, да се додворува да заврши работа.

Општината повеќе не смее да биде зграда во која влегуваш со нервоза, а излегуваш со даден поткуп.

Таа пракса, драги мои карпошани ќе заврши.

Од првиот ден на моето управување ќе го искоренам чекањето, провизиите и рушветот, преку целосна дигитализација на сите општински процеси.

Општината мора да стане услуга до која ќе стигнеш од еден телефон, во било кое време и од било кое место. Нема повеќе враќање на шалтер, нема повеќе не е ова наша работа.

Јас нема да барам граѓаните да доаѓаат кај мене, туку општината да оди кај нив преку технологијата.

Ќе воведам апликација, каква што има секоја нормална, европска општина преку која ќе можеш со два клика, со матичен број и адреса, да поднесеш барање, да добиеш број и во секое време да го следиш статусот на решавање“.

Тоа, како што појасни одамна постои во светот, но кај нас не се воведува од добро познати причини.

„Затоа што кога има ред нема простор за корупција.

Ќе воспоставам прозорец за брзи услуги преку кој граѓаните веднаш ќе ги добиваат своите документи без зависност од расположението, или волјата на шалтерскиот работник.

Процесот ќе биде автоматизиран и целосно транспарентен.

Мојата цел е едноставна, една апликација за сите општински услуги.

Но дигитализацијата не е само екран и апликации, таа мора да донесе внатрешна дисциплина и одговорност.

Ќе воведам следење на секое барање. Кој службеник го примил, кој го одработил и за колку време го обработил.

Секој што ќе ја заврши работата навреме, или пред дадениот рок ќе биде награден, а оној што ја кочи постапката ќе мора да биде санкциониран.

Граѓанинот и јас ќе добиваме аларм кога предметот стои предолго“.

Според него, нема повеќе скриена одговорност.

„Се ќе биде видливо, мерливо и транспарентно.

Така функционира реалниот сектор од каде доаѓам.

Така ќе функционира и општина Карпош.

За оние што немаат пристап до технологија, ќе воведам дигитални советници во општината. Обучени лица што ќе им помогнат на граѓаните да ги поднесат граѓаните. Никој нема да биде исклучен.

Мојата визија е Карпош да остане општина без изговори и без поткуп. Кога граѓанинот ќе може да реши проблем со два клика, тогаш ќе знаеме дека живееме во модерна општина, со чесна управа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Српски државјани добија забрана за влез во земјата и парична казна од 4.000 евра за шверц на цигари, биле уапсени во Скопје

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на спогодба од Основното јавно обвинителство Скопје против двајца државјани на Република...

Македонија2 часа

Поликлиника во Расадник со пари од унгарскиот кредит најавија Ѓорѓиевски и Стаменкоска-Трајкоска

По триесет години празни ветувања, поликлиниката во Расадник станува реалност, кажаа денес актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за...

Македонија3 часа

Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела

Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела. Норвешкиот Нобелов комитет соопшти дека таа ја...

Македонија3 часа

(Фото) Општина Центар испрати протестна нота до австриската амбасада поради паркирано возило во пешачка зона

Општина Центар – Скопје испрати протестна нота до Амбасадата на Република Австрија поради непрописно паркирање и загрозување на безбедноста на...

Регион4 часа

Русија ѝ се заблагодарува на Србија за донацијата од речиси 6 милиони долари: „Посебна симболика“

Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, Србија обезбедила „финансиска хуманитарна помош во вредност од 472 милиони рубли (околу...

Македонија5 часа

Филипче вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Криминалот на СДС и договорените тендери со компанијата Марковски излегоа дека се вистинити. Фирмата Марковски која во период од 2...

Свет5 часа

(Видео) Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди Филипините, цунами се заканува и на Индонезија

Земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди јужните Филипини, соопшти Филипинската сеизмолошка агенција, издавајќи предупредување за цунами кое беше...

Свет5 часа

(Видео) Руски ракети и беспилотни летала го погодија Киев, гореше облакодер во центарот на градот

Масивни руски напади запалија облакодер во центарот на Киев и ги таргетираа енергетските објекти, соопштија официјални лица. Украинската министерка за...

Македонија18 часа

Судиите мора да судат според законот а не според партиски влијанија, време е за ресет на системот, порача Мицкоски

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во општина Илинден, во рамки на изборната...

Свет19 часа

(Видео) Трамп: Ја завршивме војната во Газа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на состанок на кабинетот во Белата куќа изјави дека синоќа на Блискиот Исток е постигнат...

Економија22 часа

Владата усвои измени: Се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра

Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања...

Македонија22 часа

(Фото) Реализирано првото гаѓање со новата артилериска опрема ,,Боран’’ на АП Криволак

Денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски присуствуваше на армискиот полигон „Криволак“ каде беше извршено првото артилериското гаѓање со новите системи...

Македонија22 часа

Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола против осум физички и едно правно лице

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични...

Македонија23 часа

(Видео) „Избери време и место, избери и новинари, донеси и публика, излези да се соочиме, јас ќе дојдам сам“, му порача Максим Димитриевски на Филипче

Лидерот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија Максим Димитриевски денеска возврати на синоќешната изјава на лидерот на опозицијата Венко...

Македонија1 ден

(Фото) Кривична пријава против две лица за криумчарење мобилни телефони „Ајфон“, случајот откриен на Ново Село

Поднесена кривична пријава против две лица за сторено кривично дело „криумчарење“ мобилни телефони „Ајфон“ во вредност од 355 илјади денари....

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски ја вети подземната кај „Лимак“ што ја ветуваа и Арсовска, Шилегов и Трајановски: Ќе ја смени сообраќајната иднина на градот

Проектот за подземната сообраќајница кај„Лимак“ не е само дел од мојата програма туку е вистински пресврт за централното градско подрачје,...

Македонија1 ден

М-НАВ: Македонското небо не смее да се „затвори’“

Менаџерскиот тим на М-НАВ во денешното соопштение до јавноста реагира околу најавите за штрајк и „затворањето на небото“ на 20...

Македонија1 ден

Искршен штаб на СДСМ во Градско, партијата бара Тошковски веднаш да постапи

Синоќа се искршени стаклата на изборниот штаб на СДСМ во Градско. Според партијата, овој насилнички и вандалски чин го покажува...

Топ1 ден

Едно лице избодено со нож пред стоковна куќа „Мост“ во Скопје, напаѓачот е уапсен

Едно лице е избодено со нож пред поранешната стоковна куќа „Мост“ во Скопје, а полицијата го уапси напаѓачот. Според информациите...

Свет1 ден

Трамп за договорот за војната во Газа: Неверојатно е, целиот свет се обедини

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Иран би можел да биде дел од поширок мировен договор на Блискиот Исток...