Свет
Се затвора проблематичната добротворна фондација на Трамп
Хуманитарната фондација на американскиот претседател, Доналд Трамп, прифати да биде затворена по наводите за злоупотреба на финансиски средства, јави Би-би-си. Затворањето на фондацијата го најави државната адвокатка на Њујорк, Барбара Ундервуд, која ќе ја надгледува распределбата на преостанатите пари.
Таа го обвини Трамп и неговите тројца најстари деца дека ја користеле организацијата во приватни и политички цели. Според неа, откриен е шокантен документ со илегални активности во кои била вклучена фондацијата на Трамп, а меѓу нив е и незаконска координација со претседателската кампања на Трамп, за свесно извлекување приватна корист, како и уште многу други работи.
Ундервуд рекла дека организацијата на Трамп служела како чековна книшка за деловните и политички интереси на Трамп. Таа нагласила дека ова е важна победа за владеењето на законот, кој треба подеднакво за сите да важи.
„Ќе продолжиме со нашата парница, за да осигураме организацијата на Трамп и нејзините директори да бидат повикани на одговорност поради јасни кршења на државниот и сојузен закон“, порачала Ундервуд.
Трамп и неговите деца засега не го коментирале затворањето на фондацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

