Контакт

Бизарно

Шкотланѓанка дозна дека нејзиниот сопруг има уште три жени и 13 деца

Објавено пред

Жена од Шкотска откри дека нејзиниот сопруг „таен агент“, всушност, е бигамист со уште три жени и тринаесет деца.

dobivaj vesti na viber

Марија Тарнер Томсон (53) од Единбург беше ужасена кога дознала дека нејзиниот американски сопруг, Вилијам Ален Џордан, разработил мрежа на лаги за да ја скрие својата измама.

Ален Џордан има најмалку 13 деца со три жени, на кои им рекол дека е таен агент за да го објасни своето често отсуство, пишува „Дејли стар“.

Тој тврдеше дека бил агент на ЦИА, кој морал да патува во мисии, но всушност бил ИТ-работник кој лажирал писма од Министерството за одбрана и пропусници за воените бази.

„Вилијам го запознав кога бев самохрана мајка со деветмесечно бебе. Тој беше многу шармантен“, се сеќава Марија. „Почнавме да излегуваме и ме праша дали ќе се омажам за него по само две недели. Јас одбив, но на крајот се свршивме и бевме во брак четири години“.

„По шест месеци, останав бремена, што беше големо изненадување за мене бидејќи ми кажа дека е неплоден“, вели Марија откривајќи дека успеала да помине со него само седум дена по ред за шест години поради неговата „работа“.

Но, во реалноста тој посетувал други жени и семејства.

Иако заработувал 10 илјади фунти месечно, бигамистот рекол дека му требаат повеќе пари за да „им плати на непријателите што сакаат неговите деца да ги распарчат и да ги испратат парче парче по пошта“.


На серискиот лажго Марија му дала 200 илјади фунти.

Измамата била откриена во април 2006 година кога Марија добила повик од „друга г-ѓа Џордан“. „Мирно ми кажа дека таа и сопругот Вил Џордан, татко на моите две деца, се во брак 14 години и има пет деца.”

Ален Џордан заврши во затвор за бигамија, измама и многу други кривични дела. Тој беше две и пол години во затвор пред да биде депортиран во САД.

Иако заработувал 10 илјади фунти месечно, бигамистот рекол дека му требаат повеќе пари за да „им плати на непријателите кои сакаат неговите деца да се распарчат и да испратат парче парче по пошта”.
На серискиот лажго Марија му дала 200 илјади фунти.

Измамата била откриена во април 2006 година, кога Марија добила повик од „дуга г-ѓа Џордан“. „Мирно ми кажа дека таа и сопругот Вил Џордан, татко на моите две деца, се во брак 14 години и имаат пет деца“.

Ален Џордан заврши во затвор за бигамија, измама и многу други кривични дела. Тој беше две и пол години во затвор пред да биде депортиран во САД.

Мери Тарнер Томсон приказна ја претвори во успешна книга, која ја нарече „Бигамист“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

Објавено пред

Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.

dobivaj vesti na viber

Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.

Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр

Објавено пред

На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.

dobivaj vesti na viber

Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.

Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.

Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.

Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.

Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.

Прикажи повеќе...

Бизарно

УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена

Објавено пред

Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!

dobivaj vesti na viber

Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.

Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет32 минути

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата...

Свет50 минути

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела,...

Свет56 минути

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на...

Свет1 час

Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор,...

Македонија9 часа

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет15 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион16 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија18 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет20 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија21 час

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија24 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет2 дена

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија2 дена

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија2 дена

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија2 дена

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 дена

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 дена

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Регион2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...