Македонија
(Видео) Уништени околу 170 килограми дрога во „Дрисла“
Во регионалната депонија „Дрисла“, денеска, беа уништени околу 170 килограми разни видови дроги и психотропни супстанции што потекнуваат од кривични дела, а за кои има правосилни судски пресуди.
Уништени се околу 128 килограми марихуана, околу шест и пол килограми хероин, 20-ина килограми хашиш, околу половина килограм кокаин, растенија и семки од канабис, како и амфетамини, потоа синтетичка дрога „екстази“ и други прекурсори и психотропни супстанции.
„Во делот на сузбивањето на недозволеното тргување со дрога, Министерството за внатрешни работи во континуитет презема интензивни оперативни мерки и активности. Годинава статистички гледано бележиме пораст на бројот на расветлени кривични дела од оваа област“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Според аналитичките податоци за периодот од почетокот на 2018 година, заклучно со крајот на ноември, откриени се 681 кривично дело од оваа област, а од нив, 582 кривични дела се класифицирани како неоовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции за што кривично беа пријавени 674 сторители. Другите 99 кривични дела се подведени под казненениот член – овозможување употреба на наркотични дроги и по однос на нив кривично пријавени се 104 сторители.
Во рамките на овие активности за сузбивање на трговијата со дрога откриени и запленети беа околу еден тон и 500 килограми марихуана, вклучувајќи ја и заплената од 515 килограми опојна дрога марихуана наменета за турскиот наркопазар, што завчера беше реализирана на ГП Богородица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

