Македонија
МЗШВ: Континуирано се работи на развој на овчарството, сет мерки се планирани и за следната година
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство изминатиов период одржа повеќе средби со одгледувачите на овци со цел да се слушнат сите предлози што ги имаат и проблемите со кои се соочуваат, соопштуваат од МЗШВ и додаваат дека Министерството ќе ги рагледа барањата на одгледувачите на овци и е отворено за средба со нив.
„МЗШВ континуирано работи на развојот на оваа сточарска гранка. Од следната година со Програмата за рурален развој за 2019 година планирано е зголемување на сумата за мерката ‘Набавка на приплоден добиток’, од постоечките 14 милиони денари на 60 милиони денари, а паралелно ќе се работи и на измени на правилникот за оваа мерка со цел да биде подостапна за сточарите и да има поголема искористеност. Оваа мерка ќе придонесе за подобрување на генетскиот потенцијал на добитокот, што крајно ќе доведе до попродуктивно производство и поголем приход за сточарите.
Воедно од следната година субвенциите за предадено овчо млеко од годинешните 4 денари се зголемуваат на 4,5 денари за литар предадено млеко. И следната година во програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 10 отсто ќе бидат зголемени субвенциите за сточарите со развоен потенцијал вклучително и за одгледувачите на овци.
Од 2019 година ќе се почне со електронско преобележување на ситниот добиток, вклучително и на овците, со што ќе се евидентира точниот број на добиток, што е важно за креирање на мерките за субвенции во овчарството. Исто така, следната година преку програмите на МЗШВ за ЈП „Пасишта“ ќе бидат одвоени 24,5 милиони денари наменети за колектори и агрегати за обезбедување електрична енергија за летните пасишта (трла) со овци. МЗШВ работи на измени на правилникот со кој е предвидено олеснување на критериумите за отворање на мали производни капацитети за преработка на традиционални сточарски производи“, стои во соопштението на Министерството.
Оттаму велат дека оваа година во Програмата за 2017 година за 10 отсто се зголемија субвенциите за сточарите со развоен потенцијал, вклучително и за одгледувачите на овци, а дополнително има и дополнителни директни плаќања од 30 % за зголемен пријавен број на грла во основно стадо.
Паралелно, велат од Министерството, МЗШВ активно работи на изработка на нов Закон за пасишта, со што ќе им се помогне на сточарите во планирањето и организирањето на сточарското производство.
„Со новиот закон по речиси 20 години ќе се уреди постапката и користењето на пасиштата во државна сопственост како добро од општ интерес, на современ и транспарентен начин. Со законските решенија е предвидено да се воспостават евиденција на државните пасишта и регистар на пасиштата, како и да се пропишат одредби за класификација на пасиштата согласно со нивната намена“, стои во соопштението.
На вчерашната владина седница беа обезбедени финансиски средства за исплата на субвенциите за огранско производство, меѓу кои се и субвенциите за одгледувачите на овци кои имаат органско производство, за што исплатата ќе почне оваа недела.
Според податоците од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и во руралниот развој по основ на сите мерки за овчарство од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година, се исплатени речиси една милијарда денари субвенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.
Македонија
Сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.
Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.
Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.
Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.
Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.
На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.
Македонија
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за дрогата која била набавена во Македонија
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше по заплената на околу пет тони дрога во Србија, наведувајќи дека наркотиците пристигнале преку Македонија и дека станува збор за, како што велат, „картелски скандал од огромни размери“.
Од СДСМ посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите и можната вмешаност на државни структури.
„Како е можно пет тони дрога да поминат преку македонската граница, а Владата да молчи? Без поддршка или затворање очи од структури во власта и институциите, ваков шверц е невозможен“, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија:
СДСM прашуваат како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче.

