Црна хроника
Кривична пријава за ексдиректорката на државниот студентски дом „Орде Чопела“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против 59-годишената прилепчанка, ексдиректорка на студентскиот дом од Прилеп, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Како што соопшти полицијата во текот на 2012 година пријавената, како директор на државниот студентски дом „Орде Чопела“ – Прилеп, без да објави оглас за доделување на договор за јавна набавка на електронскиот систем за јавна набавка на Бирото за јавни набавки, извршила јавна набавка на стоки и услуги за одржување и реконструкција на простории во студентскиот дом, со што овозможила четири правни лица да се стекнат со протвправна имотна корист од вкупно 990.381 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Mлада девојка возела пијана, направила сообраќајка, па побегнала – МВР ја приведе

Приведена е радовишанка, којаштов возела под дејство на алкохол, предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот, соопшти МВР.
Се работи за 19-годишна девојка Т.К., која на улицата Самоилова во Радовиш, управувајќи автомобил предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот, а по преземени мерки било утврдено дека возилото го управувала под дејство на алкохол, односно дека има 2.23 промили во крвта.
По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.
Црна хроника
Велосипедист тешко повреден во сообраќајка на „Партизанска“ во Охрид

Велосипедист од Охрид се здоби со тешки повреди, во сообраќајка што се случи вчера на улицата „Партизанска“ во Охрид.
Во несреќата учествувале „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ч.(22) од селото Горенци, општина Дебрца и велосипед, управуван од С.Ф.(59) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид.
Црна хроника
Уапсен 18-годишник од Струмичко: при претрес пронајдена дрога

Вчера во 01.10 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода 18-годишниот Ф.В. од село Добрејци, струмичко.
При преглед кај него била пронајдена марихуана, а потоа, врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што во дворното место биле пронајдени 19 стебла канабис.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против Ф.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.