Спорт
Ремзи влезе во аналите со најбрзо изгубена топка на старт на меч (видео)
Натпреварот меѓу тимовите на Арсенал и Тотенхем во англискиот Лига куп го одбележа еден несекојдневен потег во режија на фудбалерот на „Топчиите“, Арон Ремзи. Се работи за најбрзо изгубена топка на почеток на фудбалски натпревар.
Арсенал на воведот на…

Натпреварот меѓу тимовите на Арсенал и Тотенхем во англискиот Лига куп го одбележа еден несекојдневен потег во режија на фудбалерот на „Топчиите“, Арон Ремзи. Се работи за најбрзо изгубена топка на почеток на фудбалски натпревар.
Арсенал на воведот на мечот во свој посед ја имаше топката помалку од 1 секунда. Рамзи на центарот на игралиштето е со Обамејанг, додека неколку метри оддесно е Михтаријан. Во желба веднаш да му додаде на Ерменецот, Ремзи погреши, па играчот на Тотенхем, Сон пресече и неговиот тим тргна во напад.
Навивачите на Арсенал беа шокирани, а еден од нив на видеото од овој момент напиша „никогаш не сум видел и не верувам дека вакво нешто ќе видам на било кое ниво на фудбалот“.
Погледнете:
Worst kick off ever #ARSTOT pic.twitter.com/lG778J7Kov
— James Bowman (@JamesBowmanPwC) December 19, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Џеко по само шест месеци си оди од Фиорентина
Доаѓањето на Един Џеко во Фиорентина беше најавено како едно од најзначајните засилувања во летниот преоден рок во Серија А. Сепак, како што сега стојат работите „љубовта“ ќе заврши по само шест месеци.
Лошите резултати на клубот и скромните перформанси на босанско-херцеговскиот напаѓач, се доволни Џеко да биде ставен на трасфер листата. Џеко ќе ја напушти Фиренца, но ќе остане во Италија.
Фиорентина, минува низ веројатно најтешкиот период во поновата сторија. „Виола“ се наоѓа на последното место, со само шест бода и без ниту една победа во 15 одиграни натпревари.
Во Фиренца се најавуваат големи промени во зимскиот проеден рок, не само во ростерот, туку и на тренерската позиција и во Управниот одбор на клубот.
На удар се најискусните играчи, меѓу кои е и Џеко. Се очекува најмалку петмина да си заминат од „Артемио Франки“ во јануарскиот преоденр ок.
На 17 официјални настапи за Фиорентина, Џеко постигна само два гола, што е далеку под репутацијата и искуството што го поседува. Поради ова, разделбата стана реална опција за двете страни.
Според информациите што ги објави турскиот „Минет“, Џеко нема да ја напушти Серија А. Џенова се издвојува како најсериозен кандидат за неговиот потпис, која наводно веќе влегла во последната фаза од преговорите со босанскиот напаѓач. Клубот од Џенова е исклучително упорен во намерата да го доведе, а трансферот би можел да биде официјализиран на 1 јануари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Интер без Дамфрис најмалку три месеци
Десниот бек на Интер, Дензел Дамфрис, ќе мора да направи долга пауза. Холанѓанецот ќе паузира најмалку три месеци и ќе се врати на теренот дури во втората половина на март.
Ова секако е лоша вест за Кристијан Киву кој ќе мора да истражи опции на пазарот, заедно со спротскиот директор, Бепе Марота.
Италијанските медиуми се сигурни дека Интер ќе биде активен во зимскиот преоден рок, бидејќи тимот мора да биде конкурентен во борбата за сите трофеи.
Интер конечно стигна до врвот на табелата во Серија А, а за да успее да го врати пехарот на „Џузепе Меца“, се очекуваат засилувања.
Засега нема индикации кој би можел да дојде, но се шпекулира дека замената би можела да дојде од Динамо Загреб. Според инсајдерот, Џанлука Ди Марцио, Интер го следи Морис Валинчиќ.
23-годишниот минатото лето пристигна во Загреб за сума од 1.350.000 евра.
Foto/ depositphotos
Спорт
Наполи добива големо засилување пред Суперкупот во Ријад
Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку (32), кој беше надвор од терените четири месеци поради повреда, почна со тренинзи и би можел да игра за Наполи оваа недела во Суперкупот, кој се одржува во Ријад, Саудиска Арабија, објавија италијанските медиуми.
Пред почетокот на оваа сезона, кон средината на август, Лукаку го повреди бутниот мускул на пријателскиот натпревар против Олимпијакос.
Поради ова, Наполи мораше да бара замена и во летниот преоден рок го доведе данскиот напаѓач Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед.
Со 89 гола, Лукаку е најдобриот стрелец во историјата на белгиската репрезентација. Тој е член на Наполи од летото минатата година, а на 38 натпревари забележа 14 гола и 11 асистенции.
Во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп, Наполи игра против Милан (18 декември), а во второто полуфинале се среќаваат Болоња и Интер (19 декември). Финалето е закажано за 22 декември.
Foto/ depositphotos

