Спорт
Евролига: Весели со потег на колото, Србинот Милутин е МВП (видео)
Во 13. коло од кошаркарската Евролига имаше многу атрактивни потези, но приматот најдобар му припадна на Чехот, Јан Весели кој на асистенција на Слукас силно го заби баскетот во противничкиот кош, во случајот оној на московска ЦСКА.
На втората позиција…
Во 13. коло од кошаркарската Евролига имаше многу атрактивни потези, но приматот најдобар му припадна на Чехот, Јан Весели кој на асистенција на Слукас силно го заби баскетот во противничкиот кош, во случајот оној на московска ЦСКА.
На втората позиција се најде монструозното забивање на Валкуп на мечот Дарушафака – Жалгирис, откако гостинскиот кошаркар по изведен аут направи „слалом“ и заби силно во обрачот.
Српскиот центар Никола Милутинов е МВП на 13. коло во Евролигата откако неговиот Олимпијакос ја победи Барселона со 60:60, а Србинот придонесе во победата со 18 поени и 14 скокови. Милутинов имаше и две блокади, една асистенција, една украдена топка, па со вкупен индекс 36 МВП признанието отиде во негови раце.
Погледнете ги 10-те нај-потези на колото и дел од играта на Милутинов поради која дојде до МВП признанието:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Барселона освои само еден бод против Хетафе
Фудбалерите на Хетафе ремизираа 1:1 на домашен терен со Барселона во 20. коло од шпанската Примера.
Избраниците на Ханси Флик поведоа уште во деветтата минута по брилијантната асистенција на Педри, стрелец беше десниот бек, Жил Кунде.
Кунде подоцна можеше да запише асистенција, но по неговото додавање ударот на рафиња заврши крајот голот.
Хетафе изедначи од првата вистинска шанса, во 34.минута стрелец беше Мауро Арамбари.
Овој резултат остана до крајот на натпреварот, иако гостите драстично имаа повеќе посед и многу повеќе удари кон голот.
Каталонците имаа идеална можност, по неочекуваниот пораз на Атлетико Мадрид од Леганес, да се доближат до лидерот во Примера на само три бода. Вака по денешните резултати најмногу причини за задоволство имаат во Реал Мадрид.
Спорт
(Видео) Голема победа на Наполи во Бергамо
Фудбалерите на Наполи остварија голема победа во натпреварот од 21. коло на Серија А против Аталанта со 3:2.
Ова беше дуел меѓу првиот и третиот тим во Серија А, а по оваа победа Наполи има седум бода повеќе од тимот од Бергамо.
Избраниците на Антонио Конте ја забележаа шестата победа во низа и сега се на врвот на табелата, а главениот ривал Интер со два натпревари заостанува шест бода зад Наполитанците.
Спектаклот на стадионот во Бергамо го отвори Матео Ретеги со својот гол во 16. минута од натпреварот. Наполи имаше одговор на предноста на Аталанта. Во 27. минута Матео Политано го израмни резултатот.
Целосен пресврт Наполи направи во финишот на првиот дел Скот Мектоминај го совчада Карнесеки.
Драмата продолжи и во второто полувреме. Изедначи најдобриот играч на Аталанта, Адемола Лукман.
Голема шанса потоа имаше Лазар Самарџиќ се најде сам пред Мерет, но голманот на Наполи успеа да одбрани.
Наполи до нова предност, која ја задржа до крајот дојде во 78. минута, кога погоди Лукаку по центаршутот на Ангиса.
Спорт
ИХФ парично го казни РФМ и ја предупреди Македонија дека може да игра и без публика на СП
Фото/ facebook.com/rfmofficial
Светската ракометна федерација (ИХФ) ја казни Ракометната федерација на Македонија, но и Ракоментниот сојуз на Хрватска за случувањата по завршувањето на натпреварот Македонија-Холандија, во Вараждин.
Натпреварот заврши со победа на Холандија 37:32. Македонските навивачи, незадовлни од судењето на данската двојка Хансен-Мадсен, во финишот на натпреварот фрлаа предмети на теренот, а откако натпреварот заврши продолжија поради што Холанѓаните веднаш се повлекоа во соблекувалната.
ИХФ соопшти дека Ракометната федерација на Македонија е казнета со 10.000 швајцарски франци за инцидентот кој го иницираа македонските навивачи. Со 10 швајцарски франци е казнет и Ракометниот сојуз на Хрватска како организатор на натпреварот.
Во соопштението ИХФ потенцира дека дека секој сличен инцидент ќе значи бркање на македонските навивачи од натпреварите, а Хрватска како домаќин ќе остане без организација на натпревари во Вараждин.
ИХФ му налоѓи на организаторот , да го затвори просторот за гледачи зад тимските клупи.