Македонија
ЗНМ подели заштитна опрема за новинарите и фоторепортерите
Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје им подели заштитна опрема – заштитни елеци и капи, на новинарите и фоторепортерите што известуваат од настани од висок ризик.
Заштитната опрема беше обезбедена во рамките на проектот што го спроведуваа ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје минатава година, а во наредните неколку недели Здружението ќе се погрижи дел од оваа опрема да заврши во секоја редакција што ги праќа новинарите да покриваат настани од висок ризик.
На настанот се обрати претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски, кој изрази благодарност до ОБСЕ за поддршката што му ја дава на ЗНМ во борбата за поголема безбедност на новинарите.
„Минатата година беа организирани седум работилници, од кои пет во градовите од внатрешноста на државата и две во Скопје, на кои учествуваа над 100 новинари и припадници на полицијата“, истакна Чадиковски. Тој додаде дека покрај обуките, оваа година беше објавен и прирачник што треба да послужи за подобро меѓусебно разбирање меѓу полицијата и новинарите со цел да има подобро информирана јавност и безбедни новинари на терен. Чадиковски нагласи дека во иднина треба да има и поголема соработка со ОБСЕ бидејќи има уште многу работа со цел да се подобри состојбата со слободата на медиумите и безбедноста на новинарите.
Освен што беше доделена заштитна опрема за новинарите, на настанот беше промовирана и бесплатна телефонска линија за помош при напад на новинари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.