Контакт

Вести

Нигериските грабнувачи го ослободија германскиот заложник

Објавено пред

Припадниците на вооружена група во Нигерија го ослободија германскиот државјанин кој во оваа африканска земја работел за градежна компанија, речиси по една седмица откако го грабнаа и притоа убија еден негов сонародник во нападот врз нивното возило, објави компанијата во четвртокот.

dobivaj vesti na viber

Грабнувачите ги нападнале вработени во градежната компанија во југозападната нигериска сојузна држава Огун минатиот петок, додека патувале на работа во каменолом. Двајцата германски државјани патувале без безбедносна придружба, вообичаена за оваа немирна држава.

Во Нигерија, инаку, се случуваат најголем број киднапирање во светот, а милионските заработки коишто ги изнудуваат грабнувачите за откупот на жртвите, им задаваат големи грижи на властите во оваа најголема африканска економија и најголем производител на нафта.

Во грабнувањата најчесто жртви се самите Нигеријци, но честопати се случува да бидат киднапиран и странци за кои откупите ги плаќаат западните компании кои ги ангажираат./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

Општина Аеродром: ДУП-от за Лисиче предвидува само една зграда, два парка и решава важни комунални прашања

Советот на Општина Аеродром, на вчерашната седница го усвои деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче. Од општината велат...

Македонија1 час

Меџити: Три-четворица пратеници од „Европскиот фронт“ ќе бидат дел од новото мнозинство

Првиот човек на Демократското движење – партијата што е дел од коалицијата „Влен“, Изет Меџити, во интервју за „А2 Си-ен-ен“...

Македонија1 час

Денес избор за претседател на Уставниот суд, ќе се знае кој ќе ја наследи Кацарска

Денеска во 10 часот е закажанa седница за избор за претседател на Уставниот суд. Според член 7 од Деловникот, Уставниот...

Свет2 часа

Северна Кореја лансира 10 проектили кон Јапонското Море

Северна Кореја лансираше ракети кон Јапонското Море, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап. „Нашата војска го зголеми надзорот и будноста и...

Свет2 часа

Лавров: САД и НАТО сакаат да ни кажат дека нема да запрат пред ништо, нашиот потег ќе ги вразуми

Кина би можела да организира мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина, ја цитира агенцијата РИА изјавата на...

Македонија2 часа

Османи во Прага на неформален НАТО-министерски состанок

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Прага каде ќе учествува на неформалниот Состанок на министрите за надворешни работи...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: 13-ти ден не работат операционите сали на Хирургија, СДС и ДУИ го оставаат здравството во хаос

Тринаесетти ден не работат операционите сали на Хирургија, СДС и ДУИ го оставаат здравството во хаос, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од...

Скопје4 часа

Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска поради изведување на два водоводни приклучоци ф-80мм на улиците Мирче Оровчанец 15...

Македонија15 часа

„Остро ја осудуваме деградирачката реторика, ВМРО-ДПМНЕ да не се однесува како на изборна кампања“, реагира Лога

„Остро ја осудуваме деградирачката реторика на политичката партија која претендира да управува со оваа држава. Нападот врз независните институции е...

Македонија18 часа

„Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата. Жената која чувствуваше исполнетост во спроведувањето политички нарачки преку драконски...

Македонија18 часа

ВЛЕН: Зошто Ахмети заедно со Апасиев го бојкотираше изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието

„За новата влада на Република Северна Македонија преговараат и новата влада ќе ја сочинуваат победникот во македонскиот блок со победникот...

Македонија20 часа

Општина Карпош: Не користите ги услугите на лунапаркот, кој е монтиран без безбедносните сертификати, а нема ни одобрение за работа

Општина Карпош објави дека за разлика од другите надлежни институции, иако има минимални надлежности, води постапка против дивопоставениот лунапарк кај...

Македонија21 час

Ахмети: Неприфатливо е коалицијата што освоила помал број мандати да стане дел од владата

Остра критика од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој во име на „Европскиот фронт“ ги обвини албанските политички субјекти, кои...

Македонија21 час

Успеавме да го надминеме секој тест на издржливост, рече Кацарска на крајот од мандатот

Со непоколеблива посветеност и истрајност го зачувавме достоинството на Уставниот суд. Успеавме да го надминеме секој тест на изджливост и...

Македонија22 часа

Дневницата на странските експерти на Кардиохирургија не е 700 евра, како што вели Демири, туку не повеќе од 150 до 200 евра, уверува Шокаровски

Странските експерти ангажирани за помош и надгледување на работата на Клиниката за кардиохирургија државата не ги плаќа 700 евра дневно,...

Топ23 часа

Со мотоцикли прегазени тројца пешаци во Македонија – жена загина, а дете е повредено во училиштен двор

Тројца пешаци вчера биле прегазени oд мотори на улиците низ државата. Според информациите од МВР, 68-годишна жена починала, кога во...

Македонија23 часа

Шокаровски: Смртноста на кардиохирургија се намалува, разрешувањата се незаконски, а 170-те пациенти не се фантоми, туку по грешка не се заведени во „Мој термин“

Смртноста на Клиниката за кардиохирургија не е зголемена, туку има тренд на намалување, нема пациенти фантоми, кои не се заведени...

Топ1 ден

Битолчанец силувал лице со трајно душевно заболување, чинот го снимал и го пренесувал во живо

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Полова злоупотреба на...

Македонија1 ден

Ќе ја замени градоначалничката фотелја и ќе биде гласот на народот: Блерим Беџети ќе дејствува како пратеник

Градоначалникот на општина Сарај и актуелен организациски секретар на ДУИ, Блерим Беџети, соопшти дека градоначалничката фотелја ќе ја замени со...

Свет1 ден

Северна Кореја ѝ испрати балони полни со измет на Јужна Кореја, стаса и предупредување: „Останете во затворено“

Северна Кореја испрати балони полни со ѓубре и измет во Јужна Кореја, јавуваат светските медиуми. Северна Кореја пуштила 90 балони...