Македонија
Истекува рокот за аплицирање за признанието „Најдобар млад научник“ за 2018 година

Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов преку соопштение информираат дека остануваат уште десетина дена за аплицирање на Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2018 година, признание што го доделува претседателот на Република Македонија.
„Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2018 година е отворен до 31 декември за сите млади луѓе коишто заклучно со 2018 година навршуваат 30 години, а кои во досегашната научна работа имаат постигнато значајни научни резултати.
Услов за конкурирање на заинтересираните е да имаат добиено награда или признание за научно-истражувачка работа, да имаат објавени резултати од научно-истражувачка работа и применетост на резултатите од научното истражување за тековната 2018 година“, се наведува во соопштението.
Од претседателскиот кабинт додаваат дека доделувањето на признанието „Најдобар млад научник“, по иницијатива на претседателот Иванов, има за цел да го поттикне развојот и да ги стимулира вложувањата во науката, да ги поддржи научните установи и младиот научен кадар, но и да ги награди врвните научни достигнувања.
„Ова признание посебно ми значи затоа што претседателот Иванов, како прв човек на државата, ми укажа посебна чест, и покажа дека ја цени успешноста на научно-истражувачка работа на младите луѓе како мене. Ова признание е огледална слика на напорната работа, вложениот труд, страста, упорноста, размислувањата и визуелизацијата. Исто така, е и лично задоволство заради јавниот доказ дека сте способни да дејствувате и дека сте добри во тоа што го работите. Признанието значи дека ќе добиете на уште поголема тежина во успехот, чувството на исполнетост, самодовербата и ќе наидете на уште поголема почит од другите“, вели д-р Сретен Давидов, носител на признанието „Најдобар млад научник“ за 2017 година.
Апликацијата за учество на Јавниот повик треба да содржи биографија, реализирани проекти во 2018 година со кои се конкурира (во еден печатен и еден електронски примерок – CD) и уверение за државјанство на Република Македонија.
Заинтересираните своите документи треба да ги достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 31.12.2018 година.
Досегашни носители на признанието „Најдобар млад научник“ од 2010 до 2017 година се Никола Златанов, Трифче Сандев, Катерина Бачева, Петар Стојанов, Даниел Денковски, Михаела Ангелова, Христијан Ѓорески и Сретен Давидов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од улиците низ Скопје ќе бидат затворени заради верскиот празник Велигден

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” од попладне ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во централното градско подрачје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
Како што соопшти МВР, во периодот од 18 часот во центарот на Скопје по потреба за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Партизански Одреди” од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосницата со бул.„ВМРО”, бул.„Св.Климент Охридски” од крстосницата со бул.„Илинден” до крстосницата со ул.„Димитрие Чуповски” и ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосницата со ул.„9-ти Мај” до кружната крстосница со ул.„Св. Кирил и Методиј”.
На автобусите кои што минуваат преку мостот „Гоце Делчев” по потреба ќе им се менува трасата на движење при што истите ќе се движат по бул.„Илинден” и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите коишто минуваат преку центарот на градот ќе се движат по ул.„М.Т.Гологанов” па преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”. И во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.
Во општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе се затвори ул.„Македонска Војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосницата со бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“.
Во општина Аеродром по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.
По потреба за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти.
Македонија
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во крајните источни планински региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови следува период на топло време. Во недела ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност, а од понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Македонија
Дел од Центар без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваat дека денеска ( сабота ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 11.00 до 12.30 часот, корисниците од ул. Јордан Хаџи Константинов – Џинот лоцирани кај ул. Крсто Баиќ, корисниците од ул. Кеј 13 – ти Ноември лоцирани кај ресторан Парк, како и корисниците од ул. Ленинова лоцирани спроти Министерството за Земјоделство. ( општина Центар )