Спорт
Штербик добива балканска конкуренција во Веспрем, Србинот Цупара
Легендарниот голман Арпад Штербик добива балканска конкуренција на голот на унгарски Веспрем во името на српскиот чувар на мрежата, Владимир Цупара (24).
Челниците на Веспрем експресно го пополнија испразнетото место на голот на тимот по неодамнешната…


Легендарниот голман Арпад Штербик добива балканска конкуренција на голот на унгарски Веспрем во името на српскиот чувар на мрежата, Владимир Цупара (24).
Челниците на Веспрем експресно го пополнија испразнетото место на голот на тимот по неодамнешната најава за заминување на Унгарецот, Роланд Миклер кој оди во ПИК Сегед.
Цупара реши во следната сезона да го напушти полски Киелце и да дојде во тимот каде успешно настапува македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, а тренер е екс-вардарецот, Давид Дејвис, поради тоа што наредната сезона голот на Полјаците ќе го брани голманот на репрезентацијата на Германија, Андреас Волф.
Цупара, кој со Веспрем потпиша двегодишен договор, годинава брани во одлична форма и успеа да се избори за место во првиот состав на Киелце.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Родителите го однеле Вирц во Манчестер за да се запознае со Гвардиола

Флоријан Вирц речиси сигурно ќе го напушти Баер Леверкузен ова лето. Баерн Минхен подготви пакет вреден 250 милиони евра за Вирц, но не е исклучено да се случи спектакуларен рпесврт.
Германските медиуми ја објавија понудата која е подготвена во Минхен, 150 милиони евра обесштетување и 100 милиони евра за Вирц во наредните пет сезони.
Шпанските новинари од друга страна тврдат дека Реал Мадрид е сè уште во игра и дека нема таа лесно да се откаже од Вирц.
Во меѓувреме се појави информација дека германскиот репрезентативец, во придружба на родителети, таткото Ханс и мајката Карин, имал блиц посета на Манчестер, се сретнал со Пеп Гвардиола. Оваа информација ја објави новинарот на „Билд“, Кристијан Фалк.
Истиот новинар наведува дека Гвардиола планирал Вирц да го замени Кевин Де Брујне и дека е подготвен да плати колку што е потребно.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Вирц на 140 милиони евра.
Спорт
(Видео) Сампдорија испадна во Серија Ц, навивачите на Џенова славеа до доцна во ноќта

Веста за испаѓањето на Сампдорија во Серија Ц (трет ранг на италијанскиот фудбал) предизвика бурни прослави меѓу навивачите на лутиот градски ривал Џенова. Додека навивачите на Сампдорија тагуваат по шокантното испаѓање во Серија Ц, навивачите на градскиот ривал Џенова „скокаа“ од радост.
Навивачите на овој клуб палеа факели и огномети низ целиот град до доцна во ноќта. Исто така, беше организиран и „погреб“.
Сампдорија, поранешен италијански шампион и финалист на Купот на шампионите во 1992 година, ја заврши сезоната во Серија Б на понижувачки начин. Ремито во последното коло на гости против Јуве Стабија им донесе пад на 18-то место на табелата и испаѓање во третата дивизија за прв пат во нивната историја.
Кратко откако беше потврдено нивното испаѓање, групи навивачи на Џенова ги преплавија улиците на градот, пеејќи гласно и факели за да го прослават падот на градските ривали. Видеата го прикажуваат и ковчегот и погребот на „починатиот“.
Под водство на легендарниот југословенски и српски тренер Вујадин Бошков, Сампдорија беше шампион на Италија во 1991 година, а една година подоцна играше за титулата европски шампион кога беше поразена од Барселона во финалето во Лондон (0:1).
La Sampdoria est donc reléguée en Serie C. Le malheur des uns faisant le bonheur des autres, les tifosi du Genoa ont immédiatement célébré l'enterrement de la Doria avec une minute de silence rompue par le cri "Serie C !"
This is Italy ! pic.twitter.com/EbyhkC1EIy— Olivier Laval (@olivierlaval27) May 14, 2025
Mentre i tifosi della Sampdoria piangono per una clamorosa retrocessione in Serie C, i tifosi del Genoa festeggiano il declino dei propri rivali di sempre con fumogeni, cori e fuochi d'artificio 🎆#Sampdoria #Genoa #SerieB pic.twitter.com/cfjxpegnvd
— Rompipallone.it (@Rompipallone_) May 13, 2025
Спорт
ФИФА очекува приходи од милијарда долари од Светското првенство во фудбал за жени

ФИФА има за цел да генерира 1 милијарда долари приходи „во иднина“ од Светското првенство за жени, кое ќе се прошири од 32 на 48 екипи почнувајќи од 2031 година, објави во средата нејзиниот претседател Џани Инфантино.
„Гледаме значаен, експоненцијален раст во женскиот фудбал“, нагласи Инфантино на Саудиско-американскиот инвестициски форум во Ријад.
Како и Светското првенство за мажи, кое ќе се зголеми од 32 на 48 екипи и од 64 на 104 натпревари од 2026 година, така и Светското првенство за жени е зголемено од 24 на 32 екипи во 2023 година и ќе порасне на 48 од 2031 година.
„Нашата цел е да генерираме 1 милијарда долари приходи од Светското првенство за жени, или околу 890 милиони евра, за да можат парите да се реинвестираат во женскиот фудбал“, додаде тој.
Претседателот на ФИФА не постави рок за постигнување на таа цел, иако следните три домаќини се веќе познати: Бразил ќе биде домаќин на Светското првенство во 2027 година, а на крајот на март, САД и Обединетото Кралство беа единствените во трката за домаќини во 2031 и 2035 година.
Според ФИФА, Светското првенство во 2023 година, кое го делат Австралија и Нов Зеланд, генерирало приходи од над 570 милиони долари. За споредба, продажбата на правата за Светското првенство во машка конкуренција во 2022 година донесе 6,3 милијарди долари.