Контакт

Вести

На историските претседателски избори во Тунис, води Ес-Себси

Објавено пред

Челникот на антисламистичката партија Нидаа Тунис (Гласот на Тунис), 87-годишниот Беџи Каид Ес-Себси води на претседателските избори во Тунис, но веројатно ќе мора да оди во вториот изборен круг, објави во неделата навечер шефот на неговата кампања.

dobivaj vesti na viber

„Беџи Каид Ес-Себси според првите процени води со голема разлика. Сепак, веројатно ќе се одржи и вториот круг“, изјавил за Reuters шефот на неговата изборна кампања, Мохсен Мазрук, оценувајќи дека не е далеку од 50 отсто од гласовите. Според агенцијата, разликата од најголемиот конкурент не е помала од 10 отсто.

Според излезните анкети, на второто место се наоѓа актуелниот претседател Монсеф Мазруки. Неговиот шеф на кампањата, Аднан Мансер, пак, тврди дека досегашниот шеф на државата е изедначен со противкандидатот Ес-Себси. „Во најлош случај сме изедначени, во најдобар – водиме со 2 до 4 проценти“, рекол Мансер за AFP.

Објавувањето на излезните анкети не беше дозволено, но сепак телевизијата објави дека Ес-Себси е во водство со 47,8 отсто, додека Марзуки освоил 26,9 отсто од гласовите.

Претседателските избори се одржаа во неделата во Туниската република, првпат по ткн „Револуција на јасмините“, од 14-ти јануари 2011 година, со којашто беше соборен од власт деценискиот авторитарен претседател Зине ал-Абидине бен-Али.

За претседател на Тунис се кандидираа дури 27 кандидати. Меѓу фаворитите беа поранешниот премиер Беџи Каед ЕС-Себси, лидер на Нидаа Тунис којашто победи на парламентарните избори од 26-ти октомври 2014 година, сегашниот претседател на заминување Монсеф Мазруки која ја презема должноста кон крајот на 2011 година благодарејќи на коалицискиот договор со исламистичката партија Енахде, неколку министри од времето на Зине ал-Абидине бен-Али, кандидатот на левата партија Хамма Хаммами, бизнис магнатот Слим Риахи, како и единствената кандидатка која учествуваше на овие избори, судијката Калтхум Кану.

Претседателот на изборната комисија Шафик Сарсар има време до 26-ти ноември да ги објави резултатите од првиот и да го објави евентуалниот втор круг кон крајот на декември, доколку еден од кандидатите во неделата не добие апсолутно мнозинство.

Одѕивот на гласачите до 16,30 часот по локално време, еден час пред затворањето на избирачките места, изнесувал 53,73 отсто.

Во текот на изборите не бил регистриран ниеден поголем инцидент, иако изборниот штаб на претседателот Марзуки ги обвини приврзаниците на противкандидатот Ес-Себси дека сакале да го нападнат.

Властите постојано ја истакнуваа важноста на овие први слободни претседателски избори во независен Тунис. „Ова е историски ден, ова се први претседателски избори во Тунис со унапредени демократски стандарди. Ако даде Господ, ќе биде тоа голем празник на демократијата“, изјави во неделата претпладне премиерот Мехди Џома, независен кандидат кој од почетокот на годината ја доби должноста да го извлече Тунис од длабоката политичка криза и да ги организира изборите.

За да се спречи враќање на диктатурата, новиот устав на Тунис му дава на претседателот, кој се избира со петгодишен мандат, многу ограничени овластувања, но неговото непосредно избирање од гласачите му дава голема политичка тежина.

Речиси 5,3 милиони избирачи можеа да гласаат во неделата, еден месец по парламентарните избори чија демократичност ја призна меѓународната заедница, што претставува исклучок во регионот, имајќи предвид дека најголемиот број од земјите коишто ја изведоа во 2011 година ткн Арапска пролет западнаа во репресија и хаос, предизвикан од судирите меѓу либералните и исламистичките струи, кои во некои земји се радикализираа./крај/мф/сн

Извор: AFP/Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет47 минути

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа2 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин-Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион2 часа

(Видео) Студенти: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија3 часа

Околу половина час се чека на Богородица и Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија3 часа

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ14 часа

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...

Македонија15 часа

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија15 часа

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија16 часа

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија19 часа

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...

Македонија20 часа

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Топ21 час

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Топ23 часа

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион1 ден

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа1 ден

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа1 ден

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет1 ден

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет1 ден

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет1 ден

Во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет1 ден

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...