Топ
Несреќа во Скопје – со автомобил удрил во дете и избегал

Засега непознато лице со автомобил удрило во 13-годишно во Скопје и избегало од местото на несреќата.
Според информациите на МВР, вчера во 20 часот на крстосница од булевар Никола Карев и улица 362 се случила сообраќајна незгода во која автомобил „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Т од Скопје , а управувано од засега непознато машко лице, удрило во Л.А (13) од Скопје.
Возачот со возилото избегал. Детето се упатило во неговиот дом, а потоа негов роднина го однело во Градска општа болница ,,Свети Наум Охридски“ каде му биле констатирани повреди. По укажаната лекарска помош детето е пуштено на домашно лекување.
Од МВР информираат дека за сообраќајната незгода известен е јавен обвинител и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поради пожар, целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи известува дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.
„Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот“.
Апелираат до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираат јавноста.
Македонија
(Видео) Хеликоптерите на МВР со над 70 тони вода го гаснеа пожарот кај Блаце

Во рамките на денешните активности полициските службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при Министерството за внатрешни работи активно учествуваа во гаснењето на шумскиот пожар во реонот на Блаце.
Со два хеликоптера – „бел 412“ и „агуста бел 212“, во текот на денот беа извршени 55 налети, при што беа исфрлени повеќе од 70 тони вода врз зафатеното подрачје.
Интервенцијата е дел од координираните напори на надлежните институции за справување со пожарот и спречување негово ширење.
Македонија
Изгорено човечко тело пронајдено во Ѓорче Петров – прва жртва од пожарите во Скопско

Човечко тело било пронајдено изгорено во помошна просторија по пожарот што вчера избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина на железничката станица во Ѓорче Петров, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Макфакс“.
Пожарот, пријавен околу 18 часот, првин зафатил сува трева, но потоа се проширил и на неколку помошни објекти и штали, во кои имало домашни животни. Бригадата за противпожарна заштита Скопје интервенирала и го изгаснала пожарот.
„Во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.