Македонија
Константин Георгиевски предлог за в.д. градоначалник на Охрид
Советниците на Општина Охрид од редовите на СДСМ ќе го предложат Константин Георгиевски за в.д. градоначалник на градот, велат за „Макфакс“ извори од раководството на СДСМ. Константин Георгиевски беше именуван за заменик-градоначалник од страна на покојниот Јован Стојаноски, а советниците на СДСМ сакаат да ја испочитуваат неговата волја и тој да биде в.д. градоначалник се до распишување на избори.
За овој предлог, ќе бараат консензус од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса на Албанците и Беса. Георгиевски ќе треба должноста да ја извршува се додека не се избере нов градоначалник на избори, а истовремено, тој ќе биде овластен потписник.
Вработените во Општина Охрид очекуваат нов градоначалник да добијат заедно со претседателските избори во април в година. Тие се свесни дека најмалку еден месец ќе им доцни платата и покрај напорите да ги скратат роковите. Законот за локалната самоуправа предвидува, кога ќе го добие известувањето, Министерството за локална самоуправа во рок од 15 дена да достави известување до Владата, која во рок од 30 дена од приемот на известувањето треба да констатира дека мандатот на градоначалникот престанал и истовремено да иницира постапка за распишување нови избори.
Од денот на објавување на одлуката на Владата, Советот на Општина Охрид во рок од 30 дена треба да избере еден од членовите на Советот што ќе ја врши должноста градоначалник за периодот до изборот на нов градоначалник. Тој ќе биде овластен потписник.
Во Државната изборна комисија сè уште не се размислува дали изборите за градоначалници ќе бидат заедно со претседателските избори.
„Претседателот на Собранието треба да донесе одлука за распишување избори за градоначалник, па тогаш да почнат сите дејства“, изјавија од Државната изборна комисија за „Макфакс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

